Зошто децата треба да поминуваат повеќе време со бабите и дедовците?

Нова студија која била спроведена на територијата на Белгија, па затоа не мора да се однесува на внуците низ целиот свет, сепак покажува колку е важно квалитетното време поминато со бабите и дедовците за односот помеѓу генерациите и за спречување на предрасудите против старите лица.

0
252

Кога децата имаат добри односи со своите баби и дедовци, придобивките одат подалеку од топли нејасни чувства или одлични божиќни подароци. Излегува дека тие блиски врски влијаат на тоа како децата ги гледаат старите лица воопшто. Една нова студија, објавена во списанието Child Development, покажа дека децата кои поминуваат квалитетно време со своите баби и дедовци имаат подобар однос и ставови кон постарите лица.

Истражувачите на Универзитетот во Лиеж во Белгија проучувале 1.151 деца во францускиот дел на Белгија, кои биле на возраст меѓу 7 и 16 години. Тие ги прашувале децата што мислат за старите луѓе и за стареењето генерално. Тие, исто така, ги прашале како децата се чувствуваат во однос на своите баби и дедовци, како е здравјето на нивните баби и дедовци и колку често се дружеле со нив.

 

Излегува дека децата кои поминувале квалитетно време со баба и дедо, имале најповолни мислења за постарите лица. Генерално, децата на возраст од 10 до 12 години кои се гледале со своите баби и дедовци најмалку еднаш неделно, имале најповолни ставови за постарите лица. И децата кои го опишале нивниот контакт со нивните баби и дедов како добри или многу добри имале попозитивни ставови за постарите луѓе. (За жал, децата кои имале дедовци и баби со лошо здравје биле посклони кон тоа да имаат негативни ставови и предрасуди за стареењето).

„Најважниот фактор поврзан со стереотипите за стареењето бил слабиот квалитет на контакт со бабите и дедовците“, изјавил водечкиот истражувач Алисон Фламион, докторант по психологија на Универзитетот во Лиеж.

„Ние ги замоливме децата да опишат како се чувствувале во врска со гледањето со нивните баби и дедовци. Оние кои се чувствувале несреќни, биле означени  со слаб квалитет на контактот.” Кога станува збор за односот кон стареењето, откривме дека квалитетот на контактот значи многу повеќе од фреквенцијата “.

Се разбира, студијата била базирана само во Белгија, па затоа не мора да се однесува на внуците низ целиот свет. Но, тоа покажува колку е важно квалитетното време поминато со бабите и дедовците за односот помеѓу генерациите.

„За многу деца, бабите и дедовците се нивниот прв и најчест контакт со постари возрасни лица”, вели студискиот ко-автор Стефан Адам, професор по психологија на Универзитетот во Лиеж. “Нашите наоди укажуваат на потенцијалот на бабите и дедовците да бидат дел од меѓугенерациските програми дизајнирани да се спречат предрасудите против старите лица“.

Фото: Pixabey

loading...