Зошто на децата треба да им повторуваме едно исто по сто пати?

Колку пати сте се изнервирале кога сте биле принудени на своето дете да му повторувате една иста работа безброј пати? Ви изгледа како да „седи на ушите“ или едноставно ве игнорира. Да бидеме искрени, тоа повторување може да ве доведе и до лудило. Но зошто е тоа така? Дали не игнорираат или станува збор за нешто друго?

0
249

Процесот на учење на рана возраст е многу сложен  зашто истовремено се развива мозокот како орган, а покрај тој развој мозокот мора да ги процесуира сите информации кои стасуваат до детето – секој нов звук, вкус, мирис, допир, боја, нови песнички, приказни, нови лица, облици, правила, барања…со еден збор безброј работи!

Покрај сето ова мозокот „учи“ и како овие информации да ги систематизира – што ќе стави во долгорочната меморија, а што не. Со оглед на тоа што за мозокот на детето е сѐ ново, значи нема креирани невронски врски (кои настануваат и се зајакнуваат преку повторуваните искуства), мозокот „сам одлучува“ како ќе го филтрира тоа и отфрла сѐшто е за него вишок.

Такашто кога еднаш ќе кажеме нешто, ќе му покажеме или ќе му објасниме на детето, таа информација многу кратко се задржува во неговата краткорочна меморија (до 30 секунди), и после тоа можеме да очекуваме дека мозокот едноставно ја отфрлил таа информација, затоа што тој „не знае“ дека нам ни е важно детето да ја запомни.

Затоа решението за границите, учењето на правилата и почитувањето на договорите, е во адекватното повторување. Кога родителот ќе ги повтори во истата ситуација истите правила и тоа што го зборува ќе го поврза со покажување (сликите полесно се помнат), и уште сето тоа ќе го „обои“ со позитивна емоција која се чувствува во гласот и се гледа на лицето, тогаш се создадени вистински услови тоа барање да се задржи во меморијата на детето.

Затоа ако се прашувате колку пати морада му повторите на детето нешто, пробајте со барем „милион“ пати бидејќи вашето дете не е безобразно и непослушно како што мислите вие, туку станува збор за процес на учење на долги стази.

Фото: Pixabey

loading...