Зошто некои родители ги забораваат децата во автомобил?

Феноменот на заборавање на децата во автомобилите во текот на летните месеци е нешто за што сѐ почесто читаме последните неколку години. Пред три дена две близначиња починаа во прегреан автомобил во Њујорк, откако таткото ги заборавил внатре и отишол на работа во блиската болница. Веројатно и вие се прашувате како е тоа можно? Еве што мислат за ова психолозите.

0
343

Поради стресот и големиот број на обврски бројни родители водат борба со памтењето. Признавам, и мене ме погодува синдромот на заборавност па често знам да се вратам дома само за да проверам дали сум го исклучила шпоретот или дали сум заклучила врата.

Сепак, одамна веќе немам мало дете, а ова што се случува ми изгледа навистина неверојатно и непојмливо. Секако, не е исто да заборавиш да заклучиш врата или пак да се јавиш некому, да ја платиш сметката или нешто друго, но што е она поради што се случува некои родители да ги заборават сопствените деца?

И додека многумина од нас се згрозуваме над овие приказни за родители кои случајно го оставиле своето дете и мислиме дека вакво нешто е невозможно да ни се случи и нам, сѐ поголем е бројот на несреќни случаи кои се случуваат во текот на летните месеци и кои го зборуваат спротивното.

Последниот таков случај во Хрватска се случи во почетокот на април кога во Сплит, случаен минувач забележа бебе кое лежи во своето автомобилско седиште во заклучен автомобил. Без оглед на тоа што тогаш температурите сѐ уште не беа многу високи, детето било само во автомобилот барем 20 минути, но за среќа сѐ се завршило беа трагични последици.

Меѓутоа, шестмесечното бебе во Монтреал, Канада, пред еден месец почина откако таткото го заборавил да го извади од автомобилското седиште. Да се заборави детето во возилото во текот на врелите летни денови може да биде исклучително опасно.

Денешниот начин на живот кој може да се опише како исклучително интензивен и стресен, е најчеста причина за заборавање кај родителите. Повеќето родители денеска функционираат по принципот на мултитаскинг, односно, истовремено вршење на повеќе работи или задачи со што се намалува квалитетот и вниманието при извршувањето на одделна работа.

Кај покаченото ниво на стрес родителите се склони да превидат некои ситуации и да заборават одделни сегменти, за жал, понекогаш дури и сопственото дете кое ги чека во автомобилот.

За феноменот на заборавање на децата во автомобилот се често заслужни и вонредните ситуации кога родителот ненадејно ќе ја прекине вообичаената дневна рутина. Имено, како што сѐ извршува по автоматизам се случува да ја превиди новата околност – дека е детето со него, на пример среде работен ден кога детето обично престојува во градинка.

За жал, сметаат психолозите, ова може да му се случи на било кој родител.

Некои од психолозите пак сметаат дека не им е веројатно дека некој може да го заборави детето во автомобил, туку дека истото се случува поради некои околности. На пример, бидејќи нема паркинг, а мора нешто да се заврши во последен момент, родителот може да го остави детето на пет минути, а да се задржи еден час.

Но како може ова да се спречи?

Како превенција и совет за родителите психолозите нудат неколку решенија за да се избегне ваков трагичен настан.

„Децата не смеат никога да се остават во автомобил во текот на високите температури. Ако е детето со вас надвор од вашата вообичаена рутина, се препорачува превентивно да направите некаков потсетник дека не сте сами во автомобилот, на пример, ставете некоја играчка на детето на предното седиште.

Исто така, не треба да се забрзува извршувањето на обврските, туку да се биде фокусиран и внимателен и да не се оптоваруваме однапред си она што уште треба да направиме.

Не треба да се дозволи да не обземе нервоза, не смееме да бидеме немарни и површни, па ова ќе се случува поретко.

 

Иако родителите најчесто не забележуваат дека детето останало во автомобилот или пак го оставаат само на пет минути, треба да се знае дека се доволни само десет до петнаесет минути  да се случат несакани здравствени последици или смртен исход поради топлотен удар.

Ако е автомобилот оставен директно на сонце, во него ќе стане жешко во рок од 15 минути, без оглед на тоа колку е добар автомобилот. Затоа, најпаметно е детето да не се остава само во автомобил дури и кога ислите дека ќе се вратите за само 5 минути.

Фото: Pexels

loading...