Зошто не е добро да се има „другарски однос“ со детето

Таканареченото пермисивно или попустливо родителство не е воопшто добро за децата, велат стручњаците.

0
852

Не е лесно да се воспита дете, а особено затоа што тоа има голема улога во обликувањето на личноста на детето.

Стручњаците велат дека постојат три родителски стилови – авторитативно родителство, авторитарно и пермисивно родителство.

Пермисивните родители имаат проблем во поставувањето на граници на своите деца“, вели проф.д-р Лора Маркам, авторка на книгата „Мирен родител, среќно дете“. Заради тоа, овие родители се склони кон тоа да го игнорираат лошото однесување, да се „препуштат“ на однесувањето на детето кога е тоа вознемирено. Резултат на тоа е пред детето да не се поставуваат никакви очекувања кои се прикладни за неговата возраст“.

Наједноставно кажано, под пермисивно родителство се смета оној „другарски“ однос помеѓу родителите и детето, при што родителот најчесто на детето му објаснува баш сѐ, верувајќи дека детето ќе го разбере и ќе го смени однесувањето.

Можеби ќе помислите дека децата на пермисивни родители можат да научат сами како да се снајдат, но резултатите го покажуваат спротивното.

Не постојат многу добри страни на пермисивното родителство“, вели лиценцираниот клинички социјален работник Ејми Морин.

Ако треба да издвоиме добра страна, би можеле да кажеме дека децата стекнуваат искуство. За жал, пермисивните родители не ги учат децата на вештини кои им се потребни за донесувањето на добри одлуки, за да можат да се снајдат и да напредуваат во вистинскиот свет“.

Тоа особено важи за дисциплината.

Пермисивните родители се топли, грижливи, што е секако пизитивно, меѓутоа, тие не поставуваат граници, што е неопходна структура за детето да се чувствува безбедно и сигурно“, смета лиценцираниот клинички социјален работник Деби Зајхнер. „Идеално би било родителите да се истовремено и љубезни и „строги“ кон детето, што поинаку се нарекувапозитивна дисциплина. Таа го поддржува развивањето на вештини и особини кај децата, како што е решавањето на проблеми, носење на одлуки, емпатија, почитување, љубезност, самоконтрола, самодоверба“.

Д-р Маркам истакнува дека пермисивните родители „имаат мали очекувања од детето, избегнуваат да му се спротивстават и многу им е важно да не го вознемируваат, туку да го одржат неговиот мир“.

Д-р Морин додава дека е од една страна добро да се пуштат децата некои работи да ги искусат сами, но потребно е да им се постават граници зашто самите немаат развиени вештини кои би им помогнале сами да се снајдат во светот.

Стручњаците велат дека, доколку сте вие пермисивен родител, не е доцна да почнете да поставувате граници.

1. Одредете семејни правила. „Трудете се да останете смирени кога детето не почитува правила, за да можете да инсистирате детето да ги почитува. Запомнете декавашата поврзаност со детето е она што му дава мотивација да ги почитува тие правила“, вели д-р Маркам.

Таа исто така советува да обрнете внимание на моментите кога не псотавувате граници затоа што не сакате да ги повредите чувствата на своето дете – соочете се со таа непријатност.

2. Утврдете рутина. „Сите деца сакаат да имаат чувство на припадност, да чувствуваат дека се важни и дека придонесуваат за нешто важно“, вели Зајхнер.

Ако на пример наутро секогаш брзате да ги однесете во училиште, а понекогаш и доцните, прашајте ги децата што можете да преземете сите заедно за да стасате на време. Смислете заеднички план. Така ќе покажете дека ги почитувате, да изградите со нив врска и ќе им помогнете да ја научат вештината на решавање на проблеми и носење на одлуки“.

3. Никогаш не го игнорирајте лошото однесување. Можете да почнете вака: „Викаш на мене. Не го користиме тој тон кога разговараме меѓусебе. Кажи ми што те вознемири, предлага др Маркам. „Немојте да игнорирате такво однесување. Подоцна, кога сите ќе се смират, можете да му нагласите на детето дека секогаш може да разговара со вас, но без викање“.

Фото: Pixabey

loading...