Зошто новороденчињата плачат кога ќе седнете, а престануваат штом станете?

Што е првото нешто што го правите кога ќе го слушнете бебето како плаче? Станувате и го земате во раце. Знаеме дека ова е еден од начините да се опушти и да се смири новороденчето. Се практикува со векови и никогаш не изневерило. Но, која е причината за овој феномен?

0
530

Според студијата објавена во 2013 година во „ Current Biologyju“, кога мајките ги носеле, бебињата на возраст под шест месеци веднаш се смирувале и престанувале да плачат. Нивниот срцев пулс почнал да опаѓа во споредба со бебињата кои биле во скутот на мајките што седеле.

Оваа реакција на бебиња не се однесува само на луѓето. Сличното се случува и кај некои други цицачи.

За целите на оваа студија, истражувачите го набудувале однесувањето на 12 здрави бебиња на возраст од еден до шест месеци. Целта била да се утврди најефикасниот начин за смирување на плачливо или вознемирено бебе. Се покажало дека е тоа носењето.

Научниците заклучиле дека причината за ваквото однесување е вродениот механизам за преживување, кој е битен дел од интеракцијата помеѓу мајката и детето. Носењето ги стимулира физиолошките реакции кои помагаат да се смири детето.

Со други зборови, ако вашето бебе почне да плаче, паметно е да го земете во раце. На тој начин ќе дознаете дали е само исплашено или е сепак гладно.

Фото: Unsplash

loading...