Зошто пиењето вода може да биде фатално за малите бебиња?

На доенчињата не треба да им се дава ништо освен мајчино млеко и/или формула затоа што така бебињата добиваат протеини, витамини, минерали, јагленохидрати и масти. Кога им давате вода, таа ги испира сите тие состојки од организмот, а тие се важни за правилен раст и развој.

0
568

Иако изгледа безопасно, а често велиме дека е и најздрав пијалок, кај малите деца водата може да доведе до труење кое пак може да предизвика напади, кома, а понекогаш и смрт.

Според насоките, на бебињата во текот на првите шест месеци од животот треба да им се дава само млеко. Имено, според зборовите на Кејти Зератски, диететичарка од Мајо клиниката, бебињата можат да живеат без вода.

Сета потребна течност за нив е мајчиното млеко или вештачката формула. Правило е на бебињата до 6 месеци да не им се дава да пијат вода“, објаснила Зератски.

На родителите им советува на доенчињата да не им даваат ништо освен мајчино млеко и/или формула затоа што така бебињата добиваат протеини, витамини, минерали, јагленохидрати и масти.

Кога им давате вода, таа ги испира сите тие состојки од организмот, а тие се важни за правилен раст и развој.

До труење со вода доаѓа кога консумирате премногу вода во краток период и нивото на натриум во крвта паѓа па може да доведе до трагедија“, истакнува Зератски за BuzzFeed.

Кај возрасните може да дојде до труење со вода дури кога сте долго без вода па морате да се натерате да ја испиете на сила, но кај бебињата тоа може да се случи многу порано.

Фото: Pixabey

loading...