Зошто повеќето луѓе не можат да се сетат на раното детство?

Кога се обидуваме да се сетиме на настаните од најраното детство, обично не ни е јасно дали навистина се сеќаваме на нешто или станува збор за тоа дека тие слики последователно сме ги создале во нашите глави.

0
135

Повеќето луѓе не се сеќаваат на нивното рано детство, до три, четири години. Всушност, малкумина од нас можат да се сетат на многу до својата седумгодишна возраст. Кога се обидуваме да се сетиме на настаните од најраното детство, обично не ни е јасно дали навистина се сеќаваме на нешто или станува збор за тоа дека тие слики последователно сме ги создале во нашите глави врз основа на она што сме го слушнале или сме го виделе на фотографиите.

И, зошто е тоа така? Овој феномен се нарекува „детска амнезија“, па дури и денес, по столетни истражувања, на психолозите не им е јасно за што точно станува збор.

На прв поглед, може да изгледа дека кај многу мали деца, меморијата не е толку развиена како кај возрасните. Сепак, шестмесечните бебиња се во состојба да формираат краткорочни спомени кои траат неколку минути и долгорочни што ги паметат неколку недели или дури месеци подоцна.
Во една студија, деца од шест месеци научиле да притискаат рачка на возот за да работи. По две до три недели тие знаеле како да го направат тоа, иако оттогаш не ја виделе таа играчка. Експертите велат дека мемориските способности созреваат до адолесценцијата и ова би можело да биде најреалното објаснување за детската амнезија. На развојот на меморијата влијаат неколку делови на мозокот, вклучително и оние за формирање, одржување и враќање на меморијата. На пример, хипокампусот (одговорен за формирање на сеќавањата) се развива до седмата година на детето.

Децата кои почнале да зборуваат подобро памтат

Постои уште еден фактор во развојот на меморијата кај многу мали деца – дали, кога нешто се случило, почнале да зборуваат или не. Експертите тврдат дека децата кои започнале да зборуваат подобро се сеќаваат на настаните затоа што ги вербализираат. Тие исто така направиле мало истражување за да видат колку се во право. Разговарале со мали деца кои доживеале несреќа пет години претходно и завршиле на итно болничко лекување (тоа биле вообичаени повреди од детството). Оние кои имале над 26 месеци во тоа време и веќе започнале да зборуваат, се сетиле на што им се случило. Децата под 26 месеци се сеќавале многу малку или ништо, пишува iflscience.com.

На меморијата влијаат и културните и социолошките околности

Во земјите кои ја ценат независноста, на пример, во Америка и Западна Европа, возрасните се сеќаваат подлабоко на детството отколку возрасните кои живееле во култури кои повеќе ја ценат поврзаноста со другите. Тоа сè зависи од стилот на воспитување на родителите, па затоа на Запад родителите се повеќе фокусирани на индивидуалното искуство на детето, она што тоа го сака и чувствува, а помалку на поврзување со други луѓе и социјалните рутини.

loading...