Зошто постарите жени раѓаат близнаци?

Зголемувањето на концентрациите на хормонот наречен FSH предизвикува притисок врз јајниците, па почесто се случува двата истовремено да се наоѓаат во состојба на овулација.

0
393

Постарите жени имаат поголема веројатност да раѓаат близнаци затоа што со време во телото расте количината на хормони што ги стимулира јајниците, покажало истражувањето. Научниците од Универзитетот во Вриее во Амстердам тврдат дека решиле загатка што со години ги мачела лекарите.

Според нивните наоди, зголемената концентрација на хормонот наречен FSH предизвикува притисок врз јајниците, па почесто се случува двата да бидат во состојба на овулација во исто време. Ова исто така објаснува зошто постарите мајки имаат поголема веројатност да раѓаат идентични близнаци, додека зачестеноста на еднојајчените е иста кај жените од сите возрасти.

Досега, повеќето лекари ја припишувале оваа појава главно на последиците од лечењето на неплодност.

Фото: Pixabey

loading...