Зошто сме наеднаш толку опседнати со алергиите? Статистиките велат дека погрешно ги одгледуваме децата

Сега се покажа дека е тоа грешка: штитејќи ги децата од ран контакт со алергените, ние всушност им предизвикуваме алергии.

0
460

Сигурно сте слушнале за Амишите? Тие се членови на конзервативна христијанска група која живее во Америка, со многу едноставен живот. Баш како да е уште 18 век. Тие за превоз користат кочии, технологијата не ги интересира, облеката им е наједноставна.

Но, дали знаете што друго е интересно за Амишите? Тие не знаат што се алергии.

Додека повеќето граѓани на модерниот свет бараат оброци без глутен, без лактоза, без шеќери, јаткасти плодови … Амишите не се грижат за тоа. Имено, во 2012 година била спроведена студија меѓу деца во Индијана, кадешто е констатирана склоност кон алергии кај 7% од нив – додека меѓу општата американска популација на деца, таа склоност е дури 36%.

Во Соединетите држави, инциденцата на алергии на школки скокнала за 40% во последните 15 години. А алергиите на ореви се четири пати поголеми. Во Велика Британија хоспитализацијата од алергиски причини се зголемила за 500% од 1990 година, а алергијата на кикирики кај британските деца се зголемила за пет пати.

Што се случува? Зошто Амишите си пијат тивко млеко и вдишуваат полен, а сите други не смеат ниту да помирисаат кикирики?

Прво, почнавме погрешно да ги одгледуваме децата. Долго беше советувано да не им се даваат на децата потенцијални алергени до одредена возраст. На пример, на родителите им се советува да не ги хранат своите деца со кикирики сè додека не наполнат три години.

Сега се покажа дека е тоа грешка: со тоа што ги штитиме децата од ран контакт со алергени, ние всушност им предизвикуваме алергии.

Во таа смисла, многу е корисно да се погледне статистиката на алергии од кикирики, кои ги споредуваат еврејските деца во Израел и еврејските деца во Велика Британија. И едните и другите се Евреи, односно, слично се хранат, што значи дека преваленцата на алергии би требало да биде приближно иста, зарем не? Но не е така.

Британските деца имаат 10 пати поголема стапка на алергии од израелските деца. Зошто? Бидејќи Израелците јаделе кикирики уште од детството, но Британците не им ги даваат додека не ги израснат од пелени. Како резултат на тоа, во време кога многу британски деца за првпат пробуваат кикирики, нивните тела повеќе не може да се справат со тоа.

Излегува дека има кратко време по раѓањето, кога нашето тело е многу подложно на необична храна и не реагира на неа бурно. Ако го прескокнете овој период, тоа е тоа, очекувајте алергија.

Затоа организации како американскиот Национален институт за алергии и заразни болести сега советуваат давање на потенцијални алергени на децата – вклучително и путер од кикирики – уште од шест месеци.

Друго објаснување за зголемената стапка на алергии е таканаречената „хигиенска хипотеза“. Суштината е во тоа што благодарение на нашиот супер стерилен живот со сите антибактериски марамчиња, антисептици за раце и филтри за вода, стануваме кревки суштества кои тешко можат да сварат дури и обична храна.

Оваа претпоставка е убедливо поддржана од фактот дека селските деца многу помалку страдаат од алергии од градските.

Истата слика е видлива кога се споредуваат богатите и сиромашните земји. Во 2007 година, американското списание  за респираторна и критична медицина објави студија според која, колку е поразвиена земјата, толку е повисок степенот на алергиска астма. Од сите градови испитани за време на студијата, најнизок степен на алергиска астма е пронајден во Мумбаи (Индија), кој секако не е познат по неговата чистота.

Значи, бабите беа во право што не им беше грижа кога ќе изедевме јаболко кое паднало од дрво без претходно миење. Јадете овошје од земја, бакнувајте си го кучето и оставете го детето да си игра во прашина.

Прекумерната чистота нема да му донесе ништо добро.

Фото: Pexels

loading...