Зошто трудниците имаат многу гасови?

На бремените жени ова може на почеток да им е смешно, но можеби само првите неколку денови. Потоа веќе ќе сфатат дека ова може да им претставува голем проблем, особено ако одат на работа. Дали вие го имавте или го имате овој проблем?

0
265

Гасови, срам, непријатност и страв да излезат од дома. Токму трудниците со овој проблем, особено оние кои мораат да одат на работа секој ден, знаат што значи ова.

Како доаѓа до создавање на толку гасови во стомакот?

Пред сѐ, гасови во бременоста се почести кај жените кои кои и инаку имаат проблеми со варењето и т.н. мрзливи црева.

Овој проблем во бременоста се продлабочува заради големото лачење на прогестерон – хормон кој (помеѓу останатото) ги опушта мускулите, па така и мускулите на цревата. Заради тоа цревата работат побавно, варењето е забавено, се создава голема количина на гасови кои не излегуваат со адекватна брзина.

Исто така, кај некои трудници растот на матката како и поместувањето на бебето – предизвикува физичко поместување на цревата, такашто може да се случи идната мајка случајно да направи нешто што никогаш не би го направила, но го прави нејзината матка што расте.

Во секој случај, тоа е непријатно. И пред сопругот и пред било која друга личност која го нема истиот проблем.

И пред мажот и пред било која друг личност.

Оваа грда нус-трудничка појава се јавува главно на почеток од вториот месец токму тогаш кога почнува засиленото лачење на прогестерон и ширењето на матката.

Трае кај секого различно, но често и до деветиот месец. Сето тоа зависи од организмот, но и од тоа колку сериозно се посветиле на решавањето на оваа состојба.

Како да се намалат гасовите во бременоста?

Има неколку начини, но не даваат исти резултати кај секоја жена.

Сконцентрирајте се на главните причинители на проблемот и фокусирајте ги сите активности на нив.

Еве неколку предлози:

Храна. Тешко е во тек на бременоста да се исфрлаат од исхраната намирниците кои од една страна ѝ прават проблеми на трудницата, но од друга, се корисни за развој на бебето. Меѓутоа, не е лошо да пробате неколку дена без намирниците кои се познати како намирници кои предизвикуваат гасови и вон бременоста. Тоа се пред сѐ: гравот, зелката, карфиолот, кељот, брокулите, кромидот, јајцата, но и сирењето, газираните пијалоци, па дури и мастиките за џвакање.

Иако на секоја бремена жена која го има овој проблем, ѝ е важно што побргу да го реши, пробајте полека, ден по ден да го испитувате своето тело и ќе видите  како ќе реагира. Затоа што универзален лек не постои.

Вежби. Она што е секако добредојдено во овој период е да им се помогне на мускулите на цревата побргу да работат. Тоа пак може да се направи со вежбање. Сѐ додека стомакот не ви претставува голема препрека, правете лесни вежби со акцент на пределот на стомакот и карлицата. И не претерувајте.

Најдете вежби кои ви одговараат и кои нема да ја реметат вашата здравствена состојба. Кога ќе одберете вежби, задолжително консултирајте се со вашиот гинеколог и побарајте дозвола за вежбање.

Ако секој ден одите на работа, однапред предупредете ги колегите дека би можело да се случи нешто такво, објаснете им ја ситуацијата и замолете ги да имаат разбирање. Прво ќе ви биде непријатно, а потоа веројатно на сите ќе им биде смешно и со време ќе обрнуваат сѐ помалку внимание на ова. Бидејќи оваа состојба е предизвикана од целосно природни причини, така и ќе помине. Или со регулирање на хормоните или со самиот чин на породување.

Фото: Pixabay

loading...