Игралиштата ја будат инклузивноста

Истражувањата покажуваат како децата се учат да ги прифаќаат различностите

0
48

Најновите истражувања покажуваат дека дружењето со врсниците ја подобрува социјалната интелигенција. На игралиштата, децата се учат на прифаќање на различноста. Погледнете до кои заклучоци дошле научниците.

Без разлика дали во текот на летото децата се лизгаат на лизгалка, се лулаат на лулашки или се искачуваат на справи, јавната игра е од големо значење за секое дете. Една нова студија открила дека игралиштата нудат повеќе од само забава и активности на децата. Студиите покажуваат дека парковите и игралиштата се места кадешто децата можат да научат повеќе за прифаќање на други деца кои изгледаат или се однесуваат поинаку од нив.

Истражувањето на Меѓународната асоцијација на производители на опрема за игралишта било спроведено врз 1.000 родители. Истражувањето заклучува дека дури 92 проценти од родителите веруваат дека играњето во паркови, на терени или на кое било друго место кадешто има голем број деца, им помага да прифатат разлики, да споделуваат едни со други и да развиваат социјална интелигенција.

9 од 10 испитаници веруваат дека спонтаната игра со други деца на игралиште влијае на формирање на ставови и верувања. Повеќето родители се согласиле со изјавата дека најголемото позитивно влијание на јавните игралишта е влијанието на развојот на когнитивните и емоционалните способности кај децата.

Интеракцијата, играта со врсници им помага на децата да ги разберат другите деца, да запознаат различни вредности, кои можат да бидат пример за добро или за лошо. Исто така, вклучувањето во група деца помага да се надминат социјалните препреки, бариери и да се развијат комуникациски вештини кај децата, а исто така влијае и на самодовербата.

Со игра, децата учат како да се разликуваат од другите, минувајќи низ слични ситуации со врсници со различни способности или размислувања. Овие заеднички активности и ангажман создаваат блискост и чувство на заедништво. Искуствата од игралиште може да придонесат децата да стекнат одредени знаења, одговорности, да станат поподготвени да ризикуваат и да учествуваат во нови активности.

„Игралиштата се често места кадешто децата можат да се сретнат со други деца од различни етнички групи и социо-економски статуси. Тие се среќаваат со различни видови на родителски структури, од мали до созревањето, и ова им помага при учењето, развојот и прифаќањето на различности“, вели психијатарот Леа Лис.

Пред сè, 88 проценти од испитаниците сметаат дека претставите на отворено им помагаат на децата да се справат со менталните влијанија и социјалните неправди. Сепак, повеќе од 50 проценти од анкетираните родители се согласуваат дека играта за децата е денес поважна од кога било.

Фото: Pixabey

loading...