Играчките за бањање се полни со бактерии?

Швајцарските и американските научници утврдиле дека детските гумени играчки со кои се бањаат се полни со различни бактерии.

0
140

Истражувачите ги пребројувале микробите кои пливале во жолтите патчиња и рекле дека течноста која се празни кога ќе се стиснат содржела „потенцијално патогени бактерии“ во четири од пет проверувани играчки.

Како што се наведува, пронајдените бактерии вклучуваат и бактерија која ќесто се поврзува со болничките инфекции.

Научниците биле изненадени од многу големата количина и до 75 милиони клетки по квадратен сантиметар и разни други бактерии и габи во патчињата.

Додека одредеми количини бактерии можат да помогнат во јакнењето на системот за имунитет на децата, некои можат да доведат до инфекции на очите ушите и цревата, рекле истражувачите.

Студијата ја спровеле швајцарскиот Федерален институт за водени науки и технологија и Универзитетот Илиноис, а објавена е во списанието „Biofilms and Microbiomes“.

Се наведува дека е тоа едно од првите сериозни научни истражувања од овој вид.

loading...