Изеди го зеленчукот, a потоа можеш да земеш десерт

Диететичарка која му дозволува на своето дете прво да го изеде десертот, а потоа зеленчукот, ги објаснува причините за тоа, а ја споменува и онаа позната народна мудрост која вели: „Животот е непредвидлив, затоа прво изеди го десертот“.

0
148

Во текот на моето растење семејните вечери обично подразбираа некој вид на месо, скроб (обично компир) и нешто зелено. Ако се заклучеше дека сме изеле доволно зеленчук, го добивавме она што навистина го сакавме – десерт.

За време на оброците се водеше вистинска битка па не ме чуди тоа што за мајка ми готвењето беше најтешката домашна работа.

Подоцна, кога престанав да бидам толку пребирлива, дојде на ред уште попроблематично прашање кога станува збор за храната: се запознав со културата на исхраната.

Во младоста без проблеми јадев зеленчук. Всушност, мојот проблем беше во тоа што сакав да јадам само зеленчук, затоа што ме научија дека пристојните девојки ги игнорираат сигналите што им ги праќа телото и јадат само „добра, чиста“ храна.

Давањето морална вредност на она што е на чинијата значеше дека едно залче пита повеќе води кон некој вид на покајничко чистење, а тоа поттикна маѓепсан круг на ограничувања и претерувања. Крајниот резултат беше катастрофално пореметување на исхраната кое го загрози моето целокупно ментално и физичко здравје.

За среќа, со терапија и интуитивна исхрана, денеска сум професионален љубител на храна (а и диететичар) и целокупната кариера ја изградив на борба против културата на исхрана.

Исто така, мајка сум на едно немирно момче старо 14 месеци и со сите сили се трудам да го зачувам од усвојувањето на мојот поранешен пореметен однос кон храната.

Ова е област во која нашите деца можат да постигнат одлични резултати со помалку подучување и усмерување.

Бебињата се раѓаат со неверојатна вродена способност да ги регулираат гладта и апетитот. Плачат кога се гладни и ја оттурнуваат дојката или шишето кога се сити. Многу едноставно. Кога почнуваат да јадат цврста храна не ја гледаат брокулата како „диетална храна“, ниту кексите како десерт кој предизвикува чувство на винасите намирници се само различни облици, текстури, вкусови и бои кои служат да се задоволи гладта. Замислете на момент колку е ваквата перспектива релаксирачка.

Општеството и социјалните односи (од кои повеќето, барем во почетокот, потекнуваат од динамиката на исхрана во семејството) не учат за културата на исхрана. Иако е невозможно својот син во целост да го заштитам од светот и начинот на кој општеството зборува за храната, она што можам да направам е да го променам образецот на оброците дома.

Во многу куќи сѐ почнува со невино, добронамерно барање: „Изеди го зеленчукот и потоа можеш да земеш десерт“. За родителот е ова разумна размена, но за детето тоа значи следното: „Мама ме тера да го изедам прво овој одвратен прокељ како казна, а потоа како награда добивам парче торта“. Ова може да има краткорочен ефект во смисол да го поттикне внесувањето на влакна кај детето, но нема да го наведе да посака полна чинија прокељ кога не е дома и кога никој не го контролира што јаде.

Јас одлучив да не го правам тоа. Планот кон преоѓање на цврста храна ми беше да му понудам разновидна храна со различни вкусови, текстура, боја и хранливост и да му дозволам на детето да го води интуицијата. Исто така, почнав да послужувам десерт, заедно со оброкот, со грашокот, со слаткиот компир и рибата и да му дозволам самиот да избере што ќе изеде прво.

Можеби ова звучи претерано, но всушност претставува добро истражена и документирана препорака заснована на принципите на Поделба на одговорности која ја дефинирала Елин Сатер, на основа на повеќе од 40 години клиничка работа и истражување во областа на исхраната.

Сатер смета дека работа на родителот е да одреди што, кога и каде се случува оброкот додека детето е задолжено за одредување која храна ќе ја консумира прва и колку.

Според овој модел нема потреба да се играат игри, да се преговара и да се готви набрзина. Нашето дете учи да јаде како одговор на потребите на своето тело и го поврзува оброкот со задоволство (а не со притисок), такашто јас не се нервирам околу тоа што јаде или колку. Тој е главен! Ќе ја изеде помалку или повеќе истата ужина или оброк за да ја задоволи гладта. (Секако, дете со алергии или со други ограничувања во исхраната, проблеми со растот или сетилни пореметувања бара поголемо вниманиезатоа е битно за исхраната да поразговарате со педијатар или со диететичар).

Ова во пракса значи дека јас сервирам семеен оброк и го пуштам детето да одлучи што ќе јаде и по кој редослед. Иако се порциите со салата, ориз и пилешко теоретски неограничени, Сатер препорачува ограничување на десертот на една детска порција за да не се потисне апетитот за другите намирници, но и да се елиминира неговата моќ и морална вредност.

Постојат три причини за овој неконвенционален пристап.

Како прво, кога го чуваме десертот додека детето не го изеде зеленчукот (како што се случува во традиционалниот распоред на текот на оброкот), ние на детето несвесно му ја даваме првата лекција од култура на исхраната: а тоа е дека намирниците богати со шеќер, а сиромашни со хранливи материи се поврзани со стрвност, желба и вина, и дека се служат исклучиво како награда за внесувањето на не толку вкусните ‘добри’ намирници.

Како второ, тоа ги поттикнува нашите деца побрзо да го изедат оброкот за побргу да стасаат до десертот, што го намалува уживањето во семејниот оброк.

И како трето, тоа ги јакне надворешните сигнали кои ја заглушуваат детската интуиција, било да ги поттикнува да не го изедат целосно главното јадење во обид да остават место за десерт, или да го јадат главното јадење додека не се заситат, а потоа да го изедат десертот иако се веќе полни. Затоа што и така секогаш имаме екстра простор за десерт, нели?

Иако поради културата на исхраната пристапот на Сатер делува претерано и лекомислено, релевантни здравствени институции, вклучувајќи ја Академијата за нутриционизам и диететика и Американската академија за педијатрија, ја препорачуваат Поделбата на одговорности за да научат децата да ги следат сигналите за глад и ситост и да го регулираат сопственото внесување на храна (како важен аспект на знаењето за исхраната).

Истражувањата зборуваат дека овие вештини помагаат во спречување на претерано или премало внесување на храна за да се одржи стабилна телесна тежина, да се поттикнат подобри вештини за прифаќање на храна и да се формираат позитивни ставови за јадењето и храната. Спротивно на тоа, контролата на исхраната на детето често има обратен ефект од оној кој се сака – кога вршиме притисок на децата да јадат повеќе, тие јадат помалку, а кога вршиме притисок да јадат помалку, тие јадат повеќе.

Знам дека сите го немаат луксузот да приготват двојна порција пилешки гради или кељво надеж дека нивните деца прво ќе ја наполнат чинијата со овие врвни состоки. Овој пристап е очигледно најдостапен за луѓето кои можат редовно да обезбедуваат балансирани оброци и ужини за своите деца, а потешко е да се направи во ситуации кога некој е несигурен во врска со храната или таму кадешто родителот обично не е дома за време на оброкот. Но основата на Поделбата на одговорностите – да не се притиска, подмитува, ограничува или да им се дава орална врендост на кои било намирници – може да се вклопи во динамиката на исхраната на многу семејства.

Мојот син речиси една година е на цврста храна, но досега се покажа како неверојатен и компетентен кога станува збор за храната, а нашите оброци се сѐ помалку стресни и овоможуваат повеќе уживање. Некогаш прво посега по крцкави парченца јаболко, а некогаш по брокули или хамбургер.

Јас сум диететичарка, но како мајка многу повеќе вложувам во долгорочна цел на одгледување дете кое знае како се јаде и кое има здрав однос кон храната, отколку во краткорочна цел на постигање на одреден број на влакна секој ден. Можеби сите намирници не се еднакви по хранливост, но ова едноставно прилагодување на структурата на оброкот може да ги направи повеќе морално еднакви. Сигурна сум дека има многу работи за кои треба да го научам својот синазбука, однесување на маса и како да ги извршува домашните работи- но ова дете е веќе стручњак за храна, такашто јас ќе го пуштам да јаде на свој начин.

Еби Шарп, диететичарка

Фото: Pexels

loading...