Има 27 години, 6 деца и очекува близнаци

Мајка од Австралија дознала дека очекува близнаци. Ова не би била вест ако таа веќе нема шест деца, вклучувајќи и една тројка, а нема ни 30 години.

0
239

27-годишната Клои Данстан по раѓањето на Руф, Анри и Перл ги подврзала јајниците, а потоа се премислила и направила обратен зафат. Таа и сопругот Рохан сфатиле дека сакаат уште едно дете.

До 22- годишна возраст, Клои родила три деца, а пред четири години и тројки. Ги родила со царски рез во 28-та недела за да го спаси животот на нејзината неродена ќерка на која почнал да ѝ недостасува кислород. Сите бебиња биле палчиња, со тежина од само 1370, 1200 и 690 грама.

За време на бременоста, таа започнала да го споделува секојдневјето на Инстаграм и до ден денес ја следат 366 илјади луѓе. Таа ги шокирала кога пред два дена објавила дека очекува близнаци. На фотографијата позира со шест деца и фотографија од ултразвук во раката.

„Среќни сме да споделиме со вас дека ќе станеме родители на близнаци“, напишала Клои.

Потоа, позирала и со својот сопруг и им се заблагодарила на сите за честитките и убавите желби.

Фото: Инстаграм

loading...