Инстаграм мајки: Дали е навистина сѐ така како што изгледа на Инстаграм?

Модерните родители ги користат социјалните мрежи за да се промовираат себеси и да им покажат на другите луѓе како живеат и уживаат. Дали често објавувате приватни фотографии од патувања, прослави, роденденски детски забави, летни и зимски семејни одмори? Зошто?!

0
247

Често имаме можност да видиме на Инстаграм профилите на познатите личности фотографии од летување или од шопинг на кои мајките и ќерките носат иста гардероба или уживаат во спа центрите и се забавуваат.

Ова стана тренд помеѓу познатите личности, но сѐ повеќе се шири и помеѓу ‘обичните смртници’. Така една жена забележала на базен мајка која била облечена идентично како и нејзината мала ќерка. Тие две дошле на базен, но не за да се бањаат и да уживаат во играта во вода како што се надевало девојчето, туку за да може мајката да направи неколку совршени фотографии и да си оди дома со детето желно за игра.

„Ја набљудував како прави селфи со детето, а потоа десет минути подоцна купува играчки и го одведува детето од базен. Нејзините фотографии ќе ги види некоја мајка која дома се убива од работа околу децата и готвењето и ќе биде тажна. Не треба да му се верува на сѐ што ќе видите на социјалните мрежи“, напишала таа помеѓу останатото во својата објава на Фејсбук.

Вакви работи гледаме секојдневно. Доколку само влезете на Инстаграм ќе видите колку мајки го прават истото што и оваа мајка. Животот на социјалните мрежи може да биде целосно поинаков од оној кој некои луѓе го живеат во стварноста, но истражувањата покажуваат дека луѓето често паѓаат во депресија гледајќи ги „совршените“ фотографии на среќните семејства на социјалните мрежи додека тие се борат да му обезбедат на своето семејство основни работи.

„Мајките сакаат да се сликаат со своите деца и веројатно тоа го прават сите мајки. Е сега, тоа што извесен дел од нашата популација е толку богат што може себеси да си дозволи и такви костими за сликање е резултат од раслојувањето во општеството. Сведоци сме за трендот на блогерки кои секојдневно ги покажуваат новите тоалети и своите и на своите деца. Како тоа влијае на оние кои не можат себеси да си го дозволат тоа? Веројатно двострано: едни се помирени со таквата разлика додека другите се веројатно огорчени затоа што не можат да си дозволат таков луксуз каков што можат да видат на социјалните мрежи.

Но совршениот изглед однадвор не треба да ве залаже и да ве наведе да се споредувате со други луѓе. Мајката која е уморна и по цел ден е со децата веројатно има повеќе време за децата и поминува со нив поквалитетно време од мајките кои постојано ‘висат’ на телефон и ги сликаат децата за да се фалат на социјалните мрежи. Не дозволувајте еден таков тренд да ви биде мерило за успешност и среќа во животот, затоа што со причина постои изреката дека „Не е злато сѐ што свети“.

Важно е со вашите деца да поминувате квалитетно време, затоа што времето е нешто највредно што можете да им го дадете во светот во кој живеат, а во кој сите некаде трчаат и брзаат.

Фото: Pexels

loading...