Искинати фармерки и чорапи и неуредна коса се симптоми на тешка болест?!

Новите трендови кои ги охрабруваат младите сексуално да се ослободат и да испробаат сѐ, води до тешки психички пореметувања и деградација на целото општество, тврди рускиот психолог Ирина Медведев.

0
395

„Живееме во општетство во кое грубите психијатриски симптоми се промовираат како посакувани“, вели Ирина Медведев, директорка на Јавното здравје за демографска сигурност во Русија.

Психијатриските порази водат до кршење на моралот, а моралните дисторзии нужно повлекуваат со себе ментални деформации.

Според Ирина, постои вештачка ментална инфекција на народот, посебно на помладите генерации, па дури и на децата. Понекогаш тоа се нарекува „сексуално просветлување“, понекогаш се предлага нешто друго, додека не се отруе мозокот и моралот сосема не се уништи.

„Обрнете внимание, непристојното постојано се промовира – валкана и мрсна храна, искинати фармерки, преголеми капути или јакни, погрешно закопчани кошули…

Психијатриските болници знаат дека во историјата на болеста постои ставката: уредност на пациентот. Ако е пациентот неуреден, тоа е показател на многу тешко психијатриско пореметување!

Кога некој постојано носи искинати чорапи или не мие коса, тоа е психијатриски симптом кој денеска, за жал, постои како знак на мода“.

Друг квалитет на човекот е претераниот рационализам кој денеска се наметнува како прагматизам. Тоа е исто така знак на шизофренија.

Просечна личност мисли дека шизофреникот е ирационален. Тоа не е вистина. Шизофренијата е претерано рационална, но истовремено и неосетлива. Тоа е „помалку емоции, повеќе прагматизам“, а идеолозите на новата мода денеска ги поттикнуваат младите токму на тоа, што е многу тежок симптом.

А што мисли психологијата за уништувањето на интимниот срам?

Според Ирина Медведев: „ова не е само наметнување на разни видови перверзии, како воајеризам (гледање риалити ТВ емисии), туку и популаризација на сексопатолошки отстапувања. А сексопатологијата е дел од психопатологијата“.

Но најважно во уништувањето на интимниот срам е тоа што кога на момчињата им зборуваат за безбеден секс, ги охрабруваат да ги задоволат своите сексуални интереси, намалувајќи ја вредноста на брачните врски, кои се суштина во изградбата на нормална психа. Во отсуство на интимен срам, доаша до различни и болни пореметувања на психата. Ова особено води до ментална деградација на целото општество, пишува Econet. ru.

Фото: Unplash

loading...