Истражување: Мажите предизвикуваат 10 пати повеќе стрес од децата

Сигурно и самите безброј пати сте помислиле дека вашиот сопруг ви е понекогаш како да имате уште едно дете. Повеќе или помалку, сега и научниците дошле до истиот заклучок.

0
80

Во истражувањето кое го спровел американскиот портал Today, 7000 мајки одговарале на прашања за стресот. Резултатите покажале дека повеќето жени го оцениле својот стрес со оценката 8,5 од можни 10, а 46 отсто од жените изјавиле дека нивните машки партнери им создаваат повеќе стрес од децата.

По малку и очекувано, жените најмногу се спротивставувале на (не)учествувањето во домашните работи. Седумдесет и пет отсто од нив изјавиле дека чувствуваат како сите домашни работи, но честопати и оние родителските, се оставени само на нив затоа што во спротивно нема да бидат извршени. Во просек, една од пет мајки рекле дека нивниот сопруг им предизвикува најголем стрес токму затоа што не помага доволно во секојдневните обврски.

Втората работа што им пречи е однесувањто на партнерот. Имено, како што истакнале мајките, нивните сопрузи често се однесуваат полошо и од децата па децата ги доживуваат како пријатели и како извор на забава додека на мајките им преостанува онаа незавидна улога која опфаќа строгост и дносење на не толку забавните одлуки.

Фото: Pixabey

loading...