Истражување открило дека шест отсто од заразените деца во Кина биле сериозно болни

Иако бројот на деца заразени со коронавирус е релативно мал, има деца кои биле сериозно болни.

0
323

Како дел од студијата објавена во списанието Pediatrics, истражувачите испитувале 2143 случаи на деца под 18 години заразени со коронавирус во Кина до 8 февруари.

Околу половина од децата имале благи симптоми: треска, замор, сува кашлица и евентуално гадење или дијареја.

Повеќе од една третина, околу 39 проценти, имале потешки симптоми, вклучувајќи пневмонија или проблеми со белите дробови.

Околу четири проценти од децата позитивни на „Ковид-19“ немале никакви симптоми, но 125 деца, или околу шест проценти, развиле сериозна болест. Еден 14-годишник починал, а 13 деца биле критични, што значи дека биле на респиратор или им откажувале органите.

„Ова ни кажува дека болниците треба да се подготват за некои педијатриски случаи бидејќи не можеме целосно да ги исклучиме децата“, вели д-р. Шринивас Мурти од Универзитетот British Columbia.

Мурти додава дека главниот заклучок е дека инфекцијата со коронавирус е можна кај децата, но болеста не е толку сериозна како што е за возрасните, но дека дури и меѓу нив може да се појават компликации и неповолни исходи.

Истражувањето покажало дека од 125 сериозно болни деца, повеќе од 60 проценти биле на возраст од пет години или помалку. Четириесет од нив беа новороденчиња.

Шилу Тонг, автор на студијата, рекол дека е веројатно дека помладите деца биле поболни од постарите затоа што нивниот респираторен систем сè уште се развива.

Уште една теорија на научниците е дека децата се помалку подложни на вирус од возрасните поради рецепторот ACE2, на кој вирусните клетки се врзуваат во човечкото тело.

„Можеби овој рецептор не е развиен кај децата исто како кај возрасните“, заклучува Мурти.

Фото: Pexels

loading...