Истражување: 85 отсто од татковците би дале сѐ да можат да бидат дома со бебињата

Раѓањето на детето не ги менува само жените туку и мажите. Меѓутоа, општеството чести ги занемарува и наидуваат на бројни препреки при трансформацијата од маж во татко, а не треба ниту да споменуваме колку е важна за детето татковската фигура во животот.

0
49

Истражувањето на една глобална организација која се бори за рамноправност на половите – Промунда, открило дека дури 85 отсто од татковците во Америка, Велика Британија, Аргентина, Бразил, Канада, Јапонија и Холандија би дале сѐ да бидат повеќе вклучени во првите недели и месеци од животот на своето дете.

Сепак, помалку од 50 отсто од нив го прават тоа затоа што државните политики, притисокот на општеството, финансискиот притисок и недостатокот од потпора тоа не им го оневозможуваат.

„Мораме подобро да ја организираме демографската политика и да ги смениме културолошките стереотипи кои се однесуваат на мажите“, изјавила Моли Кенеди, која ги претставила резултатите од истражувањето.

Тие сметаат дека кога татковците кои земаат родителско отсуство тоа е добро за сите, добро е за економијата, за жените, за децата, а и за самите татковци:

Заклучок е дека породиното отсуство е право кое го имаат сите жени, но истото би требало да биде случај и кога се во прашање мажите. Сите родители би требало да се чувствуваат пријатно ако земаат пауза од работата за да им се посветат на своите деца и на нивното одгледување.

Фото: Pixabey

loading...