Каде е времето кога бебињата јадеа гриз, банани и гравче?

Денеска, модерните родители ги хранат своите деца со сѐ поегзотична храна, со кус-кус, авокадо и батат

0
555

Истражување спроведено помеѓу 1500 родители покажало дека денешните деца јадат сѐ поегзотични намирници.

Едно од седум бебиња сака хумус, а едно од дваесет, квиноја. Други бебиња уживаат во кус-кус, а некои од прв обид дури и во лимон.

Испитаните родители откриле и дека на нивните бебиња најнеомилен им е прокељот.

73 отсто од родителите откриле дека се збунети и не се сигурни кои намирници да им ги нудат на бебињата во првите месеци на дохранувањето, додека 67 отсто се соочиле со потполно различни совети за тоа кога би требало да се почне со воведување на цврста храна.

„Бебињата на милениумците сакаат необини јадења ивозбудливи вкусови. Денеска егзотичните намирници се и подостапни, а првата храна на бебињата полека се менува“, изјавил Дејвид Лавлор кој го нарачал истражувањето.

Просечната возраст во која испитаниците почнуваат да ја воведуваат цврстата храна е шест месеци. Додека 55 отсто од родителите готват посебни оброци за бебињата, 30 отсто им го нудат сопствениот оброк, а 15 отсто им нудат купечки кашички.

Хранењето на бебињата често завршува со голем неред. Третина од родителите (33 отсто) осттоците од храната на бебето ја наоѓаат на кујнскиот ѕид, петина (20 отсто), под облеката, а 12 отсто во ходникот.

Според истражувањето, намирници кои децата ги сакаат се јогуртот, бананата, тестенините, слаткиот компир-батат, зеленчук варем на пареа, јаболки, меко сирење, манго, батернат тиква, путер од кикирики, домати, авокадо, лосос, хумус, кус-кус, супа од тиква и леќа. Најомразени им се прокељот, лимонот, печурките, јајцата, брокулата, грејпфрутот, рибата и месото.

Фото: Pixabay

loading...