Каде родителите најмногу грешат во воспитувањето на децата?

Ви ги откриваме најчестите грешки на родителите, пронајдете се во примерите и обидете се да се смените.

0
253

Иако понекогаш сакаме да мислиме дека е така, ние роидтелите не сме безгрешни и често влечеме потези кои можеби не би смееле, кога станува збор за воспитувањето на децата.  

Мали лаги. Сигурно дека не постои родител кој не се обидел со мали лаги или со ултиматуми да го натера детето да го направи она што му се кажува и да помине сѐ со што помала збрка.

Вистина е дека тие мали лаги палат, но кога тогаш тоа ќе ви се врати. Обидете се да бидете искрени, не ги плашете децата со вештерки и баба роги затоа што навистина ќе поверуваат дека тие постојат.

Празни закани. „Ако не престанеш да го правиш тоа ќе те казнам“, нема родител кој не ја изговорил оваа реченица и тоа неколку пати дневно, а детето тоа го слуша како да може да го направи тоа уште неколку пати сѐ додека родителите не го казнат. Наместо да го предупредувате, веднаш казнете го, а ако продолжи, земете му ја играчката.

Поделени родители. Еден од главните проблеми во дисциплинирањето на децата е оној е оној кога родителите не се на иста страна, односно кога едниот секогаш попушта и им дозволува на децата игри или слатки иако не би требало. Во ред е вашиот партнер да користи некои други методи на дисциплинирање само ако детето навистина ги сноси последиците за своето лошо однесување, а не да биде наградувано.

Уцена. Еден од најголемите стравови на сите родители е дека децата ќе останат гладни и затоа мајките на на малите пребирливци се служат со сите можни средства за да ги натераат да изедат чинија спанаќ.

Сепак, сосема е погрешно да го условувате детето, па подобро е да се обидете да ги пофалите и да ги наградите за секое убаво однесување. Тоа значи, наместо да кажете „ако бидеш добар ќе добиеш…“, кажете му „горд сум на тебе затоа што беше добар и наградете го детето“.

Кршење на сопствените правила. Вистина е дека колку и да им зборувате на децата едно исто, тие во целост ќе го прифатат правилото ако им покажеме пример како тоа се прави. Тоа значи дека од децата не можете да барате нешто кон што вие самите не се придржувате, а ако веќе сте поставиле правило тогаш погрижете се тоа да е еднакво за сите, не само за децата.

Губење на трпението. На сите ни се случило едноставно да ги изгубиме конците и да поченем неконтролирано да викаме, не се грижете, не сте единствени, но за да не ви се случува тоа, во моментот кога ќе забележите дека не можете повеќе, едноставно повлечете се и заминете во друга просторија сѐ додека не ви помине нервозата и не се смирите. Потоа вратете се и со мирен тон обидете се да ја решите ситуацијата. Со викање навистина нема да постигнете ништо освен што ќе го исплашите детето.

Одложување на казната. Ако вашето дете направи нешто лошо додека сте во јавност, а вие не сакате да правите сцена, тогаш не го казнувајте заради тоа ниту кога ќе дојдете дома. Факт е дека децата брзо забораваат што направиле и одложувањето на казната едноставно нема да има ефект. Не морате да вревите среде улица, но секако обрнете му внимание на детето и кажете му дека згрешило.

Зборување во недоглед. На децата можете да им го задржите вниманието многу кратко, посебно додека се уште мали и долгото зборување нема никаков ефект. Кога станува збор за дисциплинирање обидете се да бидете кратки, јасни и концизни. Обрнете внимание и на тонот кој не смее да биде гласен, но мора да биде доволно строг за да детето да сфати дека сте сериозни.

Без оглед на сѐ многу е важно да не кревате врева околу сопствените грешки и да се помирите со тоа дека ќе ги има и во иднина. Исто така обидете се на децата да не им држите лекција додека сте многу лути и изнервирани, секогаш дајте им на децата помал избор и дајте време на себе.

Фото: Pixabey

loading...