Кадифени играчки: први пријатели и тешители

Кадифеното мече е симбол на меките играчки за малите деца, но дееска постојат многу видови кадифени играчки кои можете да им ги понудите на децата

0
193

На сите им е добро познато колку малите деца умеат да засакаат некоја мека играчка или своето ќебенце. Всушност, да мораат да се одлучат само за една од своите бројни играчки, веројатно тоа би било нивното омилено мече. Дури половина од возрасните Американци, според истражувањето Atomik Research, сѐ уште го чуваат своето кадифено другарче од детството, а многу од нив сѐ уште дури и спијат со нив!

Врзувањето за меката играчка почнува многу рано, и забележано е дека некои бебиња веќе од петата-шестата недела создаваат врска со одредена играчка, ѝ гугукаат и ѝ се насмевнуваат. Оваа силна поврзаност одамна го привлекла вниманието на научниците кои се занимаваат со детска психологија и тие ги нарекле преодни објекти. Овој термин го смислил Доналс Вудс Виникот, англиски педијатар и психоаналитичар, нарекувајќи ги предони објекти „сите предмети на кои децата им припишуваат посебна вредност и преку кои детето прави неопходен премин од најраната орална врска со мајката на врската со вистински објекти“.

Малите деца сами ги бираат своите преодни објекти и тоа се најчесто ќебенцата и кадифените мечиња. Бидејќи преодните објекти ги смируваат децата, тие развиваат цврста врска со нив која може да трае со години.

Преодните објекти претставуваат и фаза во детскиот развој и средство за превенција на стравот од одвојувањето. Заради тоа овој феномен е особено изразен во западниот свет, кадешто децата обично спијат одвоено од родителите од најрана возраст.

На детето му даваат смиреност

Како една од најраноте врски кои ги формира, врската со преодните објекти многу влијае на развојот во раното детство. Доколку оваа врска се загрозува или им се забранува од страна на возрасните, тоа во подоцнежниот живот може да предизвика проблеми со врзувањето, вели развојниот психолог Роберт Кеган. На детето му даваат смиреност, како предуслов за емоцинално здравје, и без такви објекти детските чувства можат да бидат потиснати, скриени или задушени.

За децата, тие се живи

Со истражувања психолозите докажале деја детето интуитивно верува дека нивната мека играчка или ќебенцето поседуваат „животна сила“. Степенот на нивната блискост и поврзаност со овие предмети не се разликува многу од поврзаноста со своите родители. Имено, како што на детето никогаш не би можеле да му подметнете копија на неговата мајка, тка во експеримент се покажало дека децата многу добро препознаваат имитација на нивната сакана мека играчка, дури и ако е таа идентична со нивната.

Бебиња

Бебињата сакаат да ја допираат површината на меките играчки и уживаат во контрастите помеѓу нежното кадифе и тврдата пластика на очите на овие играчки. Со задоволство ги џвакаат и цицаат, па при изборот родителите треба да се уверат дали е играчката довоно издржлива и квалитетна. Избегнувајте ситни перли и делови кои можат да се одвојат или да паднат, а крзното мора да е кратко и добро прицврстено за играчката.

Мали деца

Децата кои тукушто прооделе се во фаза на учење на емпатија, јазици и имиња. Различни кадифени играчки им помагаат да научат називи како куќе, маче, мече, зајче, како и да ја спознаат разликата помеѓу имињата на категории/видови и лични имиња. Нивните меки играчки им даваат можност да ги искажат сите видови на емоции, да ги гушкаат, но и да ги фрлат или да ги удрат. Тие се првите пријатели на децата.

Предучилишна возраст

На оваа возраст децата се преправаат и благодарение на фантазијата нивните меки другарчиња стануваат астронаути, прнцези, воспитачки и лекари. Децата ги споделуваат чувствата со нив и често им се доверуваат. После некој настан кој ги вознемирил, тие сакаат на својата играчка да ѝ го прераскажат на начин кој им помага да излезат на крај со своите емоции и да се смират.

Училишна возраст

Најчесто се уште трае врската со нивните меки играчки, децата спијат со нив, ги преслекуваат, им прават куќички и слично.

Поголеми деца

Им остануваат верни пријатели и тогаш најчесто се развива колекционерската страст. Собирањето кадифени играчки станува хоби и така децата учат за разновидноста на живиот свет. Со задоволство ги подаруваат на врсниците затоа што другарското чувство на љубов лесно се пренесува со дарување на нежни и кадифени играчки.

Фото: Pixabey

loading...