Казнети родителите на изгладнето девојче на веганска исхрана

Девојчето сега има три години, а во моментот кога било старо 19 месеци немало ниту едно запче и изгледало како тримесечно бебе. Кај девојчето е утврдена и болест на коските која можела да биде спречена, а која предизвикала помали фрактури, како и дека бебето не е вакцинирано

0
307

Двојка од Сиднеј била осудена на 300 саати социјално корисна работа затоа што го изгладнувала своето дете со вегански начин на исхрана.

Девојчето сега има три години, а во моментот кога било старо 19 месеци немало ниту едно запче и изгледало како тримесечно бебе. Кај девојчето е утврдена и болест на коските која можела да биде спречена, а која предизвикала помали фрактури, како и дека бебето не е вакцинирано, пишува Gardijan.

Девојчето било на вегански режим на исхрана: хрането е со овесни снегулки, компири, ориз, тофу сирење, леб, путер од кикирики, оризово млеко и повремено, со овошје. Никогаш не му е даден ниту еден суплемент.

Судот им го одзел девојчето на биолошките родители, откако поминало некое време во хранителско семејство во Квинсленд, неговата здравствена состојба се подобрила.

Сепак, непходни му се посети на логопед и физиотерапија, како и лекови и суплементи за поттикнување на растот. Девојчето сé уште заостанува физички и психички во однос на просекот.

Нејзините две постари братчиња исто така сега живеат во Квинсленд, а иако и тие не се вакцинирани, не е утврдено дека се неисхранети. Родителите се во контакт со децата, но старателството над нив им е одземено.

Полицијата и социјалната служба интервенирале кога девојчето било хоспитализирано во март.2018.година. Во тој момент имала само 4,89 килограми и не било однесено на лекар откако било отпуштено од болница како новороденче.

Усните му биле модри, дланките и стапалата ладни и без циркулација, а нивото на шеќер и калциум премногу ниско. Не можело да ползи, ниту самостојно да се исправи во седечка положба, коските му биле неразвиени, а нозете отечени поради задржување на течностите.

Кога во април 2018. година почнало да јаде соодветна храна, почнало да расте и да му никнуваат запчиња.

Мајката претходно побарала стручна помош поради натална и постнатална депресија.

Фото: Pexels

loading...