Какви додатоци во исхраната треба да земаат бремените жени?

Според новото истражување, бремените жени кои земаат додатоци од рибино масло за време на бременоста и доењето имаат намален ризик од алергии кај бебињата во детството, а земањето пробиотици за време на бременоста може да го намали ризикот од егзема кај новороденчињата.

0
62

Во Лондон се направени 433 студии со 1,5 милиони луѓе и било утврдено следново:

ОМЕГА-3 масната киселина  – една капсула рибино масло која содржи антиинфламаторни својства од 20-та недела од бременоста, како и во првите 3-4 месеци од доењето – го намалува ризикот од алергии кај потомците за 30%.

Истражувачите откриле дека земањето пробиотици секој ден во текот на 36-38 недела од бременоста и во текот на првите 3 до 6 месеци од доењето го намалува ризикот од егзема кај детето за 22%. Овие пробиотици ја содржат бактеријата Lactobacillus rhamnosus.

Од друга страна, д-р Лојза Џејмс изјавува дека нашата исхрана и микробите што живеат во нашите црева имаат важна улога во изградбата и одржувањето на здрав имунолошки систем.

Во Велика Британија, алергија на храна се јавува кај околу 1 од 20 деца. Таа се случува кога имунолошкиот систем на телото погрешно ја идентификува храната и доведува до појава на симптоми во форма на отекување, повраќање, додека причините за егзема не се целосно познати и се претпоставува дека егзема се јавува кај деца кај што се алергиите почести.

Затоа, важно е да се утврди начинот на кој различни диетални фактори влијаат на имунолошкиот систем, особено во раните фази на развој, кога имунолошкиот систем учи како да препознае потенцијална опасност. Се претпоставува дека исхраната на мајката може да влијае на развојот на алергии во раниот живот на детето.

Затоа, истражувачите веруваат дека се потребни повеќе студии за можната улога на дополнителни супстанции, како што се пробиотици и рибино масло, во спречувањето на алергиски заболувања кај децата. Исто така, се препорачува да се следат децата до училишна возраст со цел да се идентификуваат одредени подгрупи на мајки и деца кои би имале најголема корист од овие истражувања и интервенции.

Фото: Pixabey

loading...