Каков е тој вирус што владее со светот?

„Што се случува? Каков е тој вирус кој не тера на сила да се одмориме, да поминуваме повеќе време со нашите деца, ни дава време за љубов, не учи за приоритетите и здравјето, не тера сами да си го месиме лебот, да престанеме да брзаме, да се грижиме за другите,...“, пишува загрепчанецот Борис Блажиниќ

0
180

Борис Блажиниќ, професор во Загреб, судски вештак за психологија, психотерапевт, консултант за проценка и развој на човечките потенцијали, објавил интересен статус на Фејсбук. Статусот, во кој Блажиниќ зборува за коронавирусот, го пренесуваме во целост:

„Што се случува ???? Каков е тој вирус !!! ???

Не оди на бремени жени.

Најмалку ги напаѓа децата.

Најмногу ги труе неодговорните

Ги тера помладите да се грижат за постарите лица.

Не тера на сила се одмориме, ни дава продолжен одмор, скратено работно време.

Нè тера да поминуваме повеќе време со нашите деца.

Им дава време на сопружниците, партнерите, пријателите, соседите .. подобро да се запознаеме, ни дава време за љубов.

Не учи за приоритетите и здравјето.

Не тера сами да си го месиме лебот.

Нè тера да престанеме да брзаме.

Нè тера помалку да загадуваме.

Ја чисти природата.

Ги ослободува патиштата, ги намалува несреќите.

Не брка од кафулињата и кладилниците.

Нè тера да бидеме хумани.

Нè учи дека не можат да ни помогнат парите, вилите, автомобилите, јахтите тука или во некој друг град не можат да ни помогнат, туку само човек, вистински, храбар човек.

Нè учи да ги цениме вистинските вредности.

Нè учи да ги цениме животите на другите.

Нè става нас во кафез додека животните се надвор.

Не учи дека нацијата и религијата не се важни.

Нè учи за правда и за чесна распределба.

Нè учи дека вистинската вредност лежи во хуманоста и во организирано волонтирање.

Ги симнува лажните маски од алчните лица.

Ги намалува проституцијата, криминалот, перењето пари, ги намалува вредностите на берзата, им дава шанса на матичните земји да ги вратат своите.

Нè учи дека балконот и градината честопати имаат поголема вредност отколку станот.

Нè учи дека дури и во затвор можете да бидете среќни и слободни.

Нè принудува да се стремиме кон знаење, да бараме вистинска, а не лажна информација.

Нè учи дека барем еден метар околу нас е НАШИОТ интимен простор и сѐ преку тоа можеме да им дадеме само на оние на кои можеме да им го довериме животот.

Нè учи дека бон-тонот има голема вредност и дека не е залудно правилото дека е доволно да кимнеме со главата за да поздравиме некого.

Нè учи почесто да ги миеме рацете, самите себе и психата од нечистотијата на цивилизацијата.

Нè учи да ја заштитуваме и почитуваме природата повеќе затоа што сме создадени од истата.

Ги тера владите и политиките да соработуваат.

Нè учи дека кога злото е некаде во друга земја и на другите континенти, кај други нации далеку од нас, е всушност близу, не може да биде поблизу.

Нè тера конечно да чуеме дека секој ден умираа и умираат 8000 невини деца, а нам не ни беше грижа.

Ја ослободува планетата од индустриските и човечките отрови.

Нè учи да бидеме луѓе, добри луѓе.

Луѓе…

ШТО Е ТОА????

Ни ги отвори и ушите и очите.

Замислете што ни прави овој вирус: нè учи да бидеме луѓе. Да ​​бидеме тоа што сме… “

Фото: Pexels

loading...