Како бебето да заспие додека трепнете со око?

Младите родители имаат само еден проблем - како да го заспијат бебето. Педијатарот Роберт Хамилтон нуди решение.

0
224

Иако не постои универзален лек за универзалното мака на родителите, а тоа е како да се заспие бебето кое упорно плаче, без оглед на фактот дека е здраво, суво и сито, Роберт Хамилтон, американски педијатар, тврди дека еден совет сепак делува.

Тајната лежи во посебната позиција во која се држи бебето – вели овој доктор со 30. годишно искуство во работа со деца.

Лулајте го под агол од 45 степени.

Мора да ги прекрстите рачињата на бебето на неговите гради, а потоа внимателно, придржувајќи го во пределот на градниот кош, лулајте го под агол од 45 степени, горе – долу. Бидете сигурни дека вашето бебе ќе заспие за неколку секунди.

Хамилтон тврди дека ако веднаш заборавите на лулањето на бебето во количка, на тоа да го носите низ собата и да му пеете песни и го пробате овој совет, ќе се поштедите себеси, па дури и ќе успеете да отспиете со бебето.

Фото: Pexels

loading...