Како влијае отфрлањето на таткото врз социјалните вештини на детето

Близината и вклученоста на татковците за да ги развијат нивните деца социјалните вештини и пријателства се поважни отколку што се мислеше. Истражувачите од универзитетот во Пенсилванија откриле колку може родителското отфрлање да влијае на социјалниот живот на детето.

0
226

Децата кои биле отфрлени од своите татковци биле социјално повознемирени од оние деца кои не биле отфрлени. Татковците обично не се вклучени во семејните истражувања, такашто е многу битно да знаеме повеќе за татковците и како тие влијаат на пријателствата во адолесцентниот период и на самотијата“, рекол лидерот на истражувањето Хио Ва Мак.

Истражувачите на основа на податоците од 687 семејства со деца откриле дека одбивањето на родителите го зголемува чувството на осаменост, додека исклучувањето од страна на таткото е поврзано со развивањето на социјална вознемиреност, односно, страв од интеракција со други луѓе.

Социјалната вознемиреност, според Институтот, може да предизвика омраза кон себеси, страв заради критизирањето и начинот на кој создаваме пријателства. Според истражувањето, пријателствата создадени во младоста поставуваат темел за идните односи. Без тие вештини создадени во младоста тешко дека подоцна ќе се поврземе со други луѓе.

Близината и вклученоста на татковците се поважни од близината и вклученоста на мајките во заштитата на младите лица од психолошки потешкотии. Тоа не значи дека секоја личност која денеска нема такви проблеми имала добра татковска фигура во животот, но одбивањето од таткото може да влијае на тоа како се доживуваме себеси и луѓето околу нас“, рекол научникот Грегори Фоско.

Фото: Pixabey

loading...