Како готвењето и чистењето на домаќинството преобразило еден насилник

Една локална интервентна програма во Руанда се обидува да го намали семејното насилство со тоа што ги учи мажите да вршат домашни работи, а овогодинешната студија открила дека ефектите врз заедницата биле позитивни.

0
242

Мухоза Жан-Пјер ја тепал својата жена.

Тој ја сметал за личност со која се оженил за да му подари деца и да се грижи за нив.

„Го следев примерот на татко ми. Мојот татко дома не работеше ништо. Кога ќе се вратев дома и ќе видев дека нешто не е сторено, ја малтретирав “, вели тој.

„Ќе ѝ кажев дека е мрзлива, дека е бескорисна и дека треба да се врати во куќата на нејзините родители“.

Но, тогаш нешто се сменило – научил да готви и да чисти низ куќата.

Тоа беше дел од локалната интервентна програма во неговото село во Мвулир, источна Руанда. Програмата ги охрабруваше мажите да се занимаваат со домашни работи и да се грижат за децата.

Жан Пјер тврди дека програмата, позната како „Бандеберехо“ (пример, модел на однесување на јазикот кињаруанда), му помогнала да го промени своето однесување.

Одел на часови што опфаќале сè, од готвење и чистење на куќата до разговорои за тоа како да се разбие традиционалната родова поделба.

„Не прашуваа дали мажот умее да ја исчисти куќата и ние ќе одговоревме дека умее“, рекол тој.

„И тогаш ќе не прашаа: ‘Кој од вас го прави ова?’ И никој не би се јавил“.

Вистинскиот маж не треба да готви

Активистите од Бандеберех му покажале на Жан Пјер како да ги заврши работите за кои претходно сметал дека е задолжена неговата сопруга.

„Си одевме дома и го применувавме тоа знаење. А потоа ќе се вратевме на обуката со сведоци кои ќе потврдеа дека забележале некои промени кај нас. Знам да готвам. Ја перам облеката на своите деца. Знам како да излупам банана, смелам сува маниока и да просејам брашно“.

Сепак, не било лесно да се промени, бидејќи пријателите го одвраќале Жан Пјер од тоа да извршува домашни работи, велејќи му дека „вистински маж не треба да готви“.

„Моето семејство и пријателите почнаа да зборуваат дека мојата сопруга мора да ми дала некоја дрога … Велеа дека вистински маж не треба да носи сноп стапчиња за потпала по улица – тоа е за ‘папучари’, велеа тие“, кажува тој.

Но, кога видел колку му користи ова на неговото семејство Жан-Пјер продолжил. Тој вели дека неговите деца му станале поблиски и дека жена му сега води бизнис со банани со чија помош си го средиле домот.

„Мојата сопруга сега се однесува поинаку со мене отколку порано“, вели тој. „Порано беше лоша затоа што јас бев лоша со неа, но сега разговараме и заедно одлучуваме како ќе сториме било што. Ја ослободив, сега таа работи и јас работам. Порано бев убеден дека таа мора да биде дома, достапна секогаш кога ќе посакам “.

Сопругата на Жан Пјер, Музабимјан Делфина, вели дека претходно имала многу мала слобода и живеела во страв.

„Понекогаш се чувствував како обична работничка“, вели таа, „но тогаш ќе се сетев дека работниците земаат плата. Никогаш не помислив дека жените можат да заработат пари, затоа што никогаш немав време да размислувам за активност што ќе донесе пари. Сега имам доволно слобода во домот, излегувам и правам пари како и сите други“.

Делфина заминува од дома во 5 часот наутро за да продава банани на пазарот, додека Жан-Пјер останува да се грижи за своите четири мали деца.

„Кога ќе се вратам, дома ме чека зготвен оброк“, вели таа.

Наставната програма на проектот првично беше развиена во Латинска Америка од страна на кампањата за татковство Менкер, која верува дека вистинската еднаквост ќе се оствари само кога мажите ќе преземат над 50% од грижата за своите деца и домаќинства низ целиот свет.

Резултати од програмата

Студијата за двојки кои учествувале во проектот открила дека во Руанда, мажите кои посетувале часови за грижа за деца две години, биле помалку насилни кон женските партнери од оние кои не присуствувале на тие часови.

Но, студијата исто така открила дека околу една третина од жените чии партнери учествувале во програмата сè уште доживуваат насилство од партнерот.

Според податоците на Националниот институт за статистика во Руанда, објавени во 2015 година, околу 52% од мажите во таа земја тврдат дека никогаш не биле насилни кон партнерот.

Центарот за машка статистика во Руанда, кој ја донесе програмата во земјата, сега сака да го види Бандеберехо повеќе прифатен од заедниците и властите.

Фиделе Рутасимир, шеф на центарот, вели: „Ние сè уште имаме негативни социјални норми, негативни ставови на мажите, културни бариери – ова се главните фактори кои стојат зад високото ниво на насилство врз жените во Руанда.

„Мажите традиционално не учествуваат во грижата за децата. Мажите сè уште полагаат право на секс, материјални добра, донесување одлуки.

„Бидејќи мажите стануваат посветени на грижата за своите деца, гледиштето на разликите меѓу половите се менува позитивно и тие почнуваат да ја разбираат вредноста на родовата еднаквост“.

Во случајот со Делфина и Жан-Пјер, програмата не само што му користела на нивното семејство, туку на целата заедница.

„Сега сме на меден месец, десет месеци откако се земавме“, вели Жан-Пјер.

„Кога има конфликт или некое безбедносно прашање во нашата област, нашето мислење е многу ценето затоа што другите гледаат дека немаме никакви проблеми во нашето домаќинство“.

Фото: Pixabey

loading...