Како да ги наговорите децата да помагаат дома?

Една мајка има генијална идеја. А сите оние кои имаат деца кои поголем дел од времето го минуваат со мобилниот или на компјутер, би можеле да ја позајмат оваа идеја и да ја употребат како дел од својата воспитна метода.

0
189

Колку и да сте горди на вашето двегодишно дете, кое сѐ уште не е роб на мобилните телефони, таблети и останатите чуда на модерната технологија, големи се шансите дека во пубертет (или кога веќе ќе тргнат на училиште) работите драстично ќе се сменат.

Сурфањето со интернет и непуштањето на мобилниот од рака би можело да стане ваше секојдневје (или можеби подобро кажано, нивно), а вашето инсистирање да се вратат во реалниот свет и да комуницираат со вас би можело да ви изгледа како борба со ветерници. А што останува за помошта околу секојдневните обврски дома, подобро да не почнуваме да зборуваме.

Но една мајка на една интернет страница за размена на фотографии, Imgur, се пофалила дека успеала да ја искористи опсесијата на своите деца во сопствена корист, а најдобро од сѐ е што на галантен начин успеала да ги наведе секојдневно да уествуваат во домашните обврски без поговор.

Ви изгледа како невозможна мисија: Всушност е многу едноставно…

Имено, секое утро таа им остава порака со нова задача, а дури откако ќе ѝ испратат фотографија со извршената задача, ја добиваат шифрата за Wi-Fi.

„Денешната Wi-Fi шифра може да биде отклучена ако на мама ѝ испратите фотографија од чиста кујна. За да се избегне користењето на стари фотографии, на полицата покрај печката МОРААТ да се видат и крекерите“, пишува во една од задачите. Да, можеби не ви се менува Wi-Fi шифрата секое утро, но верувајте дека тоа трае многу пократко отколку ако треба сами да ја средите кујната по враќањето дома. Генијално, така?

Фото: Pixabey

loading...