Како да го смирите детето кое плаче секогаш кога мама излегува од собата

Таткото на едногодишно девојче кое плачело секој пат кога нејзината мајка ќе ја напуштела просторијата, се досетил на генијален начин да го спречи тоа, а својата идеја ја споделил на Твитер. Што мислите за идејата?

0
284

Кога мислите да направите нешто дома, а имате мало дете, понекогаш може да изгледа како невозможна мисија. Особено кога вашето дете е во фаза кога не смее да ве изгуби од видното поле ниту на момент, бидејќи тоа резултира со неутешно плачење. Токму со оваа фаза се соочил таткото на едногодишно девојче кое плачело секој пат кога нејзината мајка ќе ја напуштела просторијата.

Но, овој татко од Јапонија, Сато Нези, се досетил на генијален начин да го спречи тоа, а својата идеја ја споделил на Твитер.

Поточно, тој направил две картонски фигури кои ја прикажуваат неговата сопруга Фуки Сато во вистинска големина, а благодарение на ова, нивната ќерка не ни забележува дека мама ја нема.

Околу 20 минути, таа дури и не забележа дека мајка ѝ ја нема“, напишал тој во својот пост.

Одлична идеја“, воодушевено коментирале неговите следбеници.

Фото: Твитер

loading...