Како да го совладате отпорот на детето за една минута?

Што да правите кога многу ви се брза, а детето се подготвува бавно како полжав? И што повеќе го забрзувате, ви се чини дека е се побавно. Што кога секоја вечер го одложува одењето на бањање и спиење или кога постојано бара да го носите надвор? Кога овие ситуации се повторуваат од ден на ден, умее да биде прилично исцрпувачки и за родителите и за детето, затоа што постојаното натегање без позитивен резултат троши енергија и го доведува на крајот родителот во тензична состојба која потоа се пренесува и на детето.

0
379

Има повеќе причини заради кои детето дава отпор – од природен нагон да ги поместува границите на родителот до тоа – со однесувањето да ни го зборува она што не умее да го каже со зборови. Кога детето се спротивставува во некоја секојдневна ситуација, родителите често мислат дека не мораат да ја решат истиот момент. Меѓутоа, тие начини се понекогаш премногу крути за детето, премногу строги, крути, па соработката со него изостанува, што може да доведе до подигање на тензиите и до уште поголем отпор. И тогаш се влегува во маѓепсан круг …

Ако целта на родителот е соработка и градење на долгорочно добар однос со детето, тогаш апсолутната послушност не е најдобро решение. Соработка низ исгра и предизвик даваат многу подобри резултати.

Играта е за децата најприроден канал за учење, па треба максимално да се искористи!

Играта во секојдневбните ситуации му дава на детето ново искуство во решавањето на моменталните проблеми, тешкотии, како и идеја дека некои работи можат да се прават на повеќе различни начини. Така тоа се мотивираб да бара креативни решенија, да „мисли со своја глава“, наместо да биде апсолутно послушно. Човечкиот мозок не е создаден за учење на памет, туку за решавање на предизвици и проблеми, што децата честопати инстинктивно и се обидуваат. Играта е за нив се.

Како да ја претворите напнатата ситуација во игра и да го поттикнете детето на соработка?

На пример, кога сте во продавница и гледате дека има гужва, а вие брзате и сакате што побргу да излезете, а детето одбива да седне во количката, наместо да го молите и да го подмитувате со чоколатца и бонбони, клекнете во негова висина, погледнете го во очи, со весел глас кажете му: Знаеш ли дека е денеска посебен ден? Денеска е ден кога јас сум твојот возач, а ти си мојот специјален помошник. Нашата задача е што побргу да купиме тоа што ни треба, па затоа ти ќе ми покажуваш каде се лебот и млекото. Кажувајте му по една намирница која треба да ја најдете, и додека е тоа окупирано со барањето, вие ставајте ги другите намирници што ви се потребни.

Значи, ви треба само идеја со која неговиот отпор ќе го претворите во соработка.

loading...