Како да знаете дали детето е спремно да остане само дома и да ги причува помалите браќа и сестри?

Многу родители не се сигурни како да утврдат дали нивното дете е спремно да остане само дома. Ваквите размислувања најчесто се случуваат во време кога децата се наоѓаат во „сивата зона“, на возраст меѓу девет и 12 години, кога не се ниту малечки бебиња, ниту тинејџери.

0
161

Иако вашата загриженост е целосно оправдана, постојат предности од оставањето на децата сами дома, како и предности од тоа што вашите деца можат да се грижат за помладите браќа и сестри. За почеток, ќе ги научите да преземат одговорност. Но, не е помалку важно ниту тоа што ќе можете да завршувате голем број на обврски.

Па, како знаете на која возраст е добро да го оставите детето само дома? Освен тоа, и кога вашите деца се доволно возрасни за да започнат да ги чуваат помладите браќа и сестри? Експертите велат дека одговорите на овие прашања зависат од зрелоста на вашето дете и од вашата ситуација. Еве неколку фактори што треба да се земат предвид:

Зрелост

Многу држави сè уште немаат регулирани закони што одредуваат колку години треба да има детето за да остане само дома. Значи, одлуката им е препуштена на родителите. За повеќето родители е прилично очигледно дека петгодишниот е премногу млад за да биде сам во куќата. Но, што е со 11- или 12-годишниците?

Повеќето експерти велат дека на возраст од 10 или 11 години е во ред да оставите дете само за кратко време (помалку од еден час), под услов тоа да не се плаши, а според вас да е доволно зрел за да се справи со тоа. Но, можеби ќе сакате да почекате уште една или две години, пред да ги оставите сами навечер.

Разгледајте ги и овие фактори кога одлучувате дали да го оставите вашето дете сам дома:

Дали живеете на тивко рурално место или во населба со згради?

Дали соседството има ниска стапка на криминал?

Дали имате алармен систем?

Може ли вашето дете да ги разбере и да ги следи основните правила, како што е заклучување на вратата откако ќе влезе внатре и да не ја отвора вратата на странци?

Дали вашето дете покажало добро расудување во минатите ситуации?

Дали имате пријатели, членови на семејството или соседи кои можат да стигнат брзо во вашиот дом во итни случаи?

Дали вашето дете покажало знаци на одговорност во минатото? Примерите вклучуваат завршување на домашна задача навреме без потреба од потсетување и извршување некои домашни обврски

Дали вашето дете се чувствува подготвено да остане само дома?

Ако одговоривте на повеќето од овие прашања потврдно, вашето дете е подготвено да остане дома само. Но, пред да го направите тоа за првпат, договорете се за неколку основни правила кои опфаќаат различни ситуации:

што да направи ако некој ѕвони на вратата

што да направи ако ѕвони телефонот

колку пријатели можат да дојдат кај нив

какви грицки можат да јадат

временски ограничувања за гледање телевизија или играње компјутерски или видео игри.

Подгответе го детето за чување на помладите браќа и сестри

Некои деца се доволно зрели за да започнат да се грижат за помалите сестра или брат на возраст од 12 или 13 години. За другите, можеби е подобро да почекате додека не станат тинејџери, советува WebMD.

Пред да им дозволите да чуваат други деца, проверете дали имаат исти квалификации како и сите други што би ги ангажирале да се грижат за вашите деца, како што се:

одговорности

зрелост

способност за донесување одлуки

придржување до правилата

способност за решавање проблеми

Фото: Pexels

loading...