Како да излезете на крај со непослушното дете?

Вежбајте позитивна дисциплина и бидете благи кон себе

0
351

Секој родител знае колку е тешко и фрустрирачки да се справите со едно непослушно дете кое воопшто не ве слуша.

Иако нема совети што можат да се применат кај секој родител и секое дете, еве неколку совети за да се обидете да излезете на крај со вашиот немирко.

Позитивна дисциплина – добар однос

Нема голема тајна во практикувањето позитивна дисциплина.

Основата на позитивната дисциплина е добар, отворен и позитивен однос на родителот со детето.

Кога ќе дојде до конфликт помеѓу родителот и детето, вашиот однос страда и треба да се работи односот одново да се надоградува.

Постојат многу начини на кои можете да работите, како што е посебно времето во денот што ќе го одвојувате за вашето дете.

За помладо дете, тоа може да биде половина час на ден кој ќе го поминете со него, играјќи го она во што уживате обајцата или она што го сака вашето дете.

За постарите деца, ова може да биде заедничка прошетка или посебен разговор пред спиење. Направете обид да го посветите тоа време на вашето дете и навистина да слушате активно.

Обидете се навистина да го слушате и да слушнете што го интересира, што мисли и чувствува.

Овој вид ритуал секоја вечер може да има големо влијание врз вашата врска и однесувањето на вашето дете.

Охрабрете го позитивното однесување

Почнете да го забележувате доброто однесување.

Наместо да забележите секој пат кога некое дете ќе направи нешто лошо, потрудете се редовно да забележувате кога направиле нешто добро.

И запомнете, она на што обрнувате повеќе внимание, повеќе и ќе се случува.

Користете пофалби за одредено однесување.

Наместо да користите пофалби од типот „Добро момче“, користете пофалби со кои го фалите вашето дете за она што го сторило. На пр. „Благодарам што ја исчисти собата “. Вашето дете секогаш нека знае за што го фалите.

Јасно кажете какво однесување очекувате од детето.

Наместо да му кажете на вашето дете „Не трчај низ продавницата!“ кажете му „Биди до мене додека сме во продавницата“.

Кога ќе ги поставите вака работите, на детето му ставате на знаење што сакате од него и поверојатно е дека така и ќе се однесува. Избегнувајте да користите „не“ како забрана. Ако веќе мора да кажете не, кажете го тоа на позитивен начин, на пр. „Не, не можете да одите кај Мартина сега, но можете да одите по вечерата“.

Дајте му упатства на вашето дете.

На вашето дете му требате да му помогнете да го направи она што треба да го направи. На пр. дајте му на вашето дете пример за тоа што треба да направи „мислам дека сега би било добро време да ја завршиш домашната задача“.

Избегнувајте лошо однесување

Планирајте однапред.

Важно е да се испланираа однапред и да се предвидат можните тригери за лошото однесување.

Ако одите на патување, предвидете дека вашето дете може да биде уморно по некое време, затоа испланирајте редовни паузи, како и нешто што ќе го забавува на патот.

Со планирањето однапред, можете да избегнете многу фрустрации.

Создадете рутина.

Децата сакаат и им треба рутина.

Создадете јасни рутини околу најважните делови од денот, како што се дневни оброци, вечерен сон, домашна работа. Рутините им помагаат на децата да знаат што е следно.

Разговарајте за проблемите со децата.

Решете го секој проблем што предизвикува расправија со вашето дете, со разговор.

Разговорот не треба да биде во моментот на конфликт, туку откако ќе се смири  ситуацијата. Сослушајте го прво вашето дете, оставете го да ви каже како се чувствува.

Обидете се да го разберете проблемот од гледна точка на детето пред да му понудите други опции за тоа како да се однесува.

Како да се однесувате со непослушноста

Не ѝ придавајте особено внимание на непослушноста. Многу родители несвесно го охрабруваат, смирувајќи го детето, тешејќи го или викајќи и заканувајќи се. Многу пати најдобар начин е едноставно да не се обрне внимание на однесувањето на детето и да се остави да помине.

Користете избори и последици.

Наместо да се расправате со вашето дете, научете го дека секоја одлука во животот има последици. Ако реши да не ја напише домашната, нема да добие мобилен телефон. Значи, тоа е едноставно, непишувањето домашна задача има за последица одземање на мобилниот телефон.

Слободно е да се одлучи што сака.

Бидете доследни.

Кога ќе му кажете на вашето дете дека му го одземете мобилниот телефон ако не ја заврши домашната задача, тогаш направете го тоа. Кога детето знае дека навистина ќе сторите нешто, тоа ќе ве послуша.

Бидете смирени

Децата лесно не лутат и многу е лесно да ја изгубите главата, но сите проблеми најдобро се решаваат со студени глави. Ако сте премногу вознемирени, смирете се и решете го проблемот кога ќе се смирите.

Кажете му на вашето дете дека сега сте лути и дека ќе разговарате кога ќе се смирите.

Бидете благи кон себе како родител

Практикувањето позитивна дисциплина е многу ефектно, но многу тешко.

Треба да бидете позитивен и доследен во секое време.

Ова е особено тешко кога сте уморни или не се чувствувате добро.

Затоа е многу важно да се грижите за себе и да бидете благи кон себе и да си дозволите грешка.

Најдете време за себе, најдете некои активности во кои уживате, дружете се со пријателите.

Запомнете, грижејќи се за себе, се грижите и за своето дете.

Фото: Pexels

loading...