Како да излезете на крај со тинејџерот кавгаџија

Многу родители ги поминале со своите тинејџери оние кавгаџиски денови кога едноставно не можеле да ги смират. Еве како да се снајдете кога вашиот тинејџер се расправа со вас.

0
523

Тоа е тежок период и за родителите и за тинејџерите. Со тоа што постојано ви се спротивставуваат тие сакаат од една страна да ја искажат својата самостојност, независно мислење и јасната разлика меѓу вас. Тоа дури и најмирните родители може да ги доведе до „лудило“.

Но вие не смеете да пламнете, мора да бидете на ниво на задачата, да не се спуштате на нивото на тинејџерот, да држите гард на поискусна и помудра личност.

Еве неколку совети како да излезете на крај со тинејџерот кавгаџија во проблематичните денови.

Правила

Секој дом, посебно со немирни тинејџери мора да има одредени, барем начелни правила, околу најважните работи. Повеќето од нив нема ни да се впуштаат во кавга кога веќе го знаат вашиот став. Нема преговори, нема кавги. Ако се сите опции отворени, ако сте попустливи, само ја влошувате ситуацијата, затоа што ги навикнувате дека е „сѐ можно“.

Скриени причини

Не е лесно да се открие што ги тера на такво однесување, што расположението им се менува како на бремените жени, но тоа е уште еден „хормонски период3 во човечкиот живот кој сите сме го поминале. Пробајте да откриете што ја активирало лавината од негодување што се крие зад желбата за кавга, дали темата на кавгата е само параван за некој поголем проблем, … Дали се вознемирени поради нешто, поради некоја ситуација дома? Дали нешто се случило во училиште?

„Кулирање“

Знаете како тинејџерите ви велат дека „кулираат“? Па послушајте ги. „Кулирајте“ и вие. Потиснете ја лутината, сослушајте го детето, но воздржете се од расправии. Изнесете го својот став мирно и завршете го разговорот. Длабоко вдишете и смирете се. Дури кога лутината малку ќе спласне отворено поразговарајте со детето.

Последици

Ако ја преминат границата, што често се случува, мора да смислите одредени казни. Таквото однесување не е на место и на децата мора тоа да им го ставите на знаење. Секој родител го познава својот тинејџер доволно добро за да знае која казна е „најлоша“. Тоа е обично забрана за излегување, забрана за користење интернет, одземање на телефонот…

Смирете ја ситуацијата

Кавгата почнува обично кога тие нешто бараат, а вие им забранувате или кога нешто ќе ги замолите, а тие ве одбиваат со грд коментар. И тука повторно важи обидот да се смирите себеси, длабоко да вдишете и издишете.

Повикајте го детето да седне покрај вас. Запрашајте го во што е проблемот, зошто така се однесува? Истакнете дека ќе го сослушате, можеби и дека ќе ги прифатите неговите желби само ако мирно поразговарате, без кревање на тонот, без кавга. Ако детето почне да објаснува со покачен тон, ако почне со грди зборови, повторно опоменете го за вашиот услов.

Кажете му: можеме да разговараме мирно или можам „да ти пишам“ казна. Секако, децата секогаш ќе се согласат на разговор и ситуацијата ќе се смири. Објаснете му дека таквото однесување не е добро и дека вие не сте заслужиле да ви се обраќа на тој начин, повикајте се и на емотивната страна и прашајте дали постојат уште некои проблеми за кои би требало да знаете, дали можете да му помогнете.

Сѐ поминува

Имајте на ум дека е ова минлив период и дека кога тогаш детето повторно ќе се сврти

Кон вас и ќе ве почитува. Сепак, трудете се да не го повредите и обидете се да останете смирени. Тинејџерското однесување е многу променливо, затоа решавајте ги проблемите ден по ден. Тука нема големи планови, затоа што тие можат денеска да бидат расположени, а утредента да се лути. Ниту тие не се свесни што им се случува.

Како се снаоѓате вие во вакви ситуации? Што го смирува вашиот тинејџер?

Фото: Pixabey

loading...