Како да му помогнете на вашето дете за време на онлајн наставата?

Враќањето на училиште по пауза од неколку месеци е секогаш проблем и за децата и за родителите. Но годинава ситуацијата дополнително ја влошува пандемијата на коронавирусот, па затоа е многу важно да го подготвите вашето дете за новиот начин на учење.

0
147

Родителите се обидуваат да се прилагодат на новините во образовниот систем и онлајн наставата. Голем товар паѓа на родителите. Децата дома немаат соработка, интеракција, учење во група, дружење со врсници, такашто родителите се оние кои ги анимираат децата и обработуваат часови со нив.

Задачата на родителите не е лесна. Покрај нивните секојдневни одговорности, тие треба да им помогнат на децата да го совладаат учењето на далечина што е можно полесно.

Ние ви нудиме неколку совети кои ќе им помогнат на вашите деца да ги совладаат лекциите.

Објаснете му ја ситуацијата на детето

Треба да седнете со детето и да разговарате за моменталната состојба, да му објасните зошто не се враќа на училиште одреден период. Објаснете му ги причините на начин на кој вашето дете ќе ги разбере.

Вклучете се во наставната програма

Многу е важно детето да разбере дека, иако е дома, мора да посетува часови, редовно да извршува домашни задачи и сите други активности во училиштето. Дозволете им на децата период на адаптација, бидејќи за сите деца, сегашната состојба е нова. Не грижете се ако вашето дете не го постигне очекуваниот успех во првите неколку недели. Охрабрете го вашето дете, дајте му поддршка, доколку е потребно, вклучете се и истражете ги сите начини на кои можете да го олесните учењето.

Направете план за работа со детето

Покрај однапред договорениот распоред што децата го имаат со своите наставници, важно е во договор со вас да одредите кога е време да учите, да играте, да се дружите. Помогнете му на вашето дете да ги испланира секојдневните активности, да не биде преоптоварено со обврски и да има слободно време во текот на денот.

Заинтересирајте се за наставата

Откако детето ќе ги заврши наставните обврски, преиспитајте што сториле за време на часот, кои теми ги опфатиле, што е интересно за децата. Врз основа на вашиот интерес за училишната програма, ќе му олесните на детето. Имено, со преиспитување на она што го научиле децата за време на часот, ги терате да ги повторуваат информациите и така ќе им биде полесно да ги запомнат.

Организирајте слободно време

За време на учењето на далечина, важно е децата да имаат слободно време. Покрај гледањето цртани филмови, играњето видео игри, организирајте дружење со семејството и врсниците. Направете мала пауза за децата од гледање ТВ и мобилни екрани, охрабрете ги да се дружат, да играат, да бидат креативни.

Физичка активност

Не треба да заборавиме на фактот дека децата се полни со енергија. Излезете со нив или играјте некои од спортовите на најблиската ливада или игралиште, организирајте прошетка до планина или шума, направете мини натпревар во кој победникот ќе добие награда. Покажете им на децата со ваш пример дека физичката активност и здравјето се многу важни.

Фото: Pixabey

loading...