Како да не бидете уморни и безволни?

Заморот, исцрпеноста и безволноста се чести појави во бременоста, но постојат начини со кои можете да ги ублажите овие состојби.

0
82

Дали ви е проблем да станете од кревет? Сѐ на што мислите е како што побргу да се вратите дома и да се пикнете под ќебе? Ако сето ова ви звучи познато, мора да знаете дека е тоа нормална појава во бременоста, а особено во првото тримесечие и во неделите после породувањето.

Инаку, заморот е воедно и еден од првите знаци на бременост, кој често се јавува првите две недели по зачнувањето. Иако е типичен за првото тримесечие и бременоста се разликува кај секоја жена, верувале или не – заморот често се враќа пред породувањето или потоа.

Имајте на ум дека заморот во текот на бременоста е еден од знаците дека треба да забавите па не го игнорирајте и одмарајте се толку колку што е потребно. Причина за заморот можат да бидат и хормоналните промени заради зголемување на нивото на прогестерон.

Телото во бременоста произведува повеќе крв за да обезбеди побрз проток на нутриенти потребни за развој на бебето. Не смеат да се заборават и емоционалните состојби кои особено ги исцрпуваат идните мајки.

Ако сте во можност, посветете 10 минути од денот на вежбање, добро организирајте го денот и доволно одмарајте се. Погрижете се исхраната да ви биде добро избалансирана, затоа што недостатокот од нутриенти во организмот може да биде причина за замор. Железото и витамините Б6 и Б12 придонесуваат за намалување на заморот и исцрпеноста.

Железото придонесува за нормално создавање на црвени крвни клетки и хемоглобин. Некои витамини од групата Б (рибофлавин, ниацин, витамин Б6) и железото придонесуваат за нормален метаболизам создавање на енергија и намалување на заморот и исцрпеноста. Тиаминот, биотин, ниацин, витаминот Б6, витаминот Б12 и фолната киселина придонесуваат за нормална психолошка функција.

loading...