Како да препознаете дали вашиот тинејџер ве лаже?

Родителите често не знаат кога е нивниот тинејџер искрен, а кога ја затскрива или ја искривува вистината. Стручњаците наведуваат неколку показатели кои можат да откријат дали детето лаже

0
76

Кажувањето на вистината и адолесценцијата главно не одат заедно затоа што овој период од животот е лизгав терен за ситни, но и за крупни лаги.

Родителите често не знаат кога е нивниот тинејџер искрен, а која ја крие или пак ја искривува вистината, па понекогаш се измамени, а понекогаш и неправедно го обвинуваат детето. А ова на подолги стази негативно се одразува на нивниот однос и создава напната, негативна клима во домот.

Стручњаците наведуваат неколку показатели кои можат да откријат дали детето лаже.

Се колеба со одговорот

Штом ќе забележите дека на упатеното прашање тинејџерот одговара со „Паааа…“, додава детали и многу непотребни информации и се обидува да ја смени темата, значи дека купува време и многу веројатно, бега од теренот на вистината.

Премногу гестикулира

Вие го прашувате дали нешто направил или рекол, а тој наеднаш почнува да се препотува, да мафта со рацете, да се чешка, ја соблекува јакната, ги оревртува очите, ги гризе ноктите или усните – прилично е сигурно дека со неконтролираните гестови се обидува да ја изврти вистината.

Одбива да слуша и станува агресивен

Дете кое инаку не е премногу импулсивно ниту нервозно, а наеднаш покажува агресивност, пренагласена лутина или пак на поставеното прашање се браи со напад, одбива да слуша што му зборувате – главно го прави ова затоа што лаже.

Фото: Pixabay

loading...