Како да разговарате со децата за тоа дека сте тешко болни?

Нема начин да ги скриете информациите за болеста со која се соочувате од вашите деца засекогаш. Но, понекогаш е потешко да ги информирате децата за сè отколку што било кога првпат сте ја слушнале сопствената дијагноза. Дали некој од вас се соочил со ваква ситуација, самиот или некоја ваша блиска личност?

0
157

Кога ќе се соочите со тешка дијагноза, веројатно, во првиот момент ќе почувствувате лутина, страв и тага. Без оглед на емоциите, овие вести се секогаш стресни и шокантни. Но, кога станува збор за тешка, сериозна болест, постојат работи што морате и оние што не морате да ги споделувате со вашите деца.

1. Земете си време за себе

Пред да дојдете пред своите деца, бидете свесни за чувствата со кои се соочувате.

„Ако се чувствувате како да не сте ја прифатиле вашата дијагноза, нема да ја прифатат ниту вашите деца“, вели Сандра Финестоун, психолог која преживеала рак на дојка и сега води групи за поддршка на жени со метастазиран рак на дојка.

Сепак, таа нагласува дека тоа не значи дека треба да ја криете својата болест. Кога сте подготвени, изберете време и место за споделување на новостите и замолете го вашиот партнер или некој близок да биде тука. Ако имате повеќе деца, кажете им истовремено за никој да нема информации пред другите да ги добијат, а потоа разговарајте со нив за вашата дијагноза.

2. Не се колебајте и избегнувајте конкретни информации

Сакате да бидете искрени со своите деца и да им дадете основни информации што, во зависност од нивната возраст, ќе им помогнат да разберат со што се борите.

Кажете им како се нарекува болеста, кој дел од вашето тело е погодено, како се лекува и како ќе се промени животот на вашето семејство поради болеста. Обидете се да им објасните на децата дека ова не е обична настинка, туку посериозна ситуација.

Вашата цел е „да разговарате со нив на вистински искрен начин, но исто така и тие сè уште да се чувствуваат безбедно или заштитено“, вели Финестоун: „Никогаш не лажете и не давајте ветувања што не можете да ги остварите“

3. Охрабрете ги

Дајте им на знаење дека можат да ве прашаат што сакаат, но и дека е во ред да ги покажат емоциите со кои се соочуваат и, доколку е потребно, да им објасните неколку пати за каква болест станува збор за да бидете сигурни дека ве разбираат.

Ако вашите деца се резервирани и не сакаат да ги споделуваат своите мисли, обидете се со други начини да ги натерате да го сторат тоа. Поминувајте колку што можете повеќе време заедно и понудете им да ги исцртаат своите чувства или да напишат песна за нив.

4. Не дозволувајте да се обвинуваат себеси

Можеби звучи чудно, но вообичаено е децата (па дури и тинејџерите) да мислат дека ракот е нивна вина. Многу деца исто така веруваат дека ракот е заразен. Дајте им на знаење дека не е така и дека не можат да се заразат со гушкање или бакнување.

5. Чувство на безбедност

Обидете се да ја одржувате вашата дневна семејна рутина што е можно повеќе, и доколку е потребно, побарајте помош од пријателите или од семејството.

Дајте им на вашите деца чувство на сигурност со тоа што ќе им дадете до знаење што да очекуваат. Финестоун ве советува да им кажете нешто како: „Мама работеше, но сега ќе остане дома затоа што е болна“. Во ред е да понудите објаснување од типот: „Понекогаш ќе бидам болна и уморна, а можеби ќе можете да ми помогнете или да се гушкате со мене во тие денови“. Ова ќе направи децата да се чувствуваат помалку беспомошни.

Уверете ги дека некој секогаш ќе биде тука да се грижи за нив, без разлика дали станува збор за вашиот партнер, баба и дедо, тетка или чичко, пишува Гламур.

6. Немојте да мислите дека треба да ги знаете сите одговори на прашањата на децата

Едно од најтешките и најчести прашања со кои се соочуваат родителите кои се борат со тешки здравствени проблеми е: „Дали ќе умреш?“

Добро е да вежбате како ќе одговорите.

„Можете да одговорите кажувајќи ја вистината, но не и да предизвикате страв кај децата“, вели Финестоун.

За да се балансираат надежта и искреноста, можете да кажете нешто како: „Сега нема да умрам, а моите лекари прават се што можат за да бидам најдобро што можам“.

Финестоун исто така нагласува дека, ако е така, треба да им признаете на децата дека нема лек.

„Може да кажете нешто како:„ Мама ќе се лекува сега и може да има моменти кога ќе се подобрам, а потоа ќе треба повторно да се лекувам“, за децата да сфатат дека тоа не е краткорочен процес“, советува таа.

Фото: Pixabay

loading...