Како да се користи прибор за јадење, а да не се шлапка: Вака малите Германци учат за бонтон

Оброкот чија главна состојка се тестенините, е дел од курсот наменет за група деца на возраст од осум до 11 години. Се одржува секоја сабота наутро во задната соба на едно минхенско кафуле и трае три часа.

0
293

„Тешко е да се научи пристојно да се јаде“, вели осумгодишната Селим, концентрирајќи се на виткањето на шпагетите со вилушка и лажица, а потоа ги доближува до устата и го остава приборот за јадење на чинијата.

Оброкот чија главна состојка се тестенините, е дел од курсот наменет за група деца на возраст од осум до 11 години. Се одржува секоја сабота наутро во задната соба на едно минхенско кафуле и трае три часа.

На курсот учествуваат 10 момчиња и девојчиња кои учат како правилно да користат нож, вилушка и лажица, како учтиво да поздравуваат други луѓе, како да се запознаат, да исчистат зад себе, да ја научат важноста на доаѓање на време, да дадат искрен комплимент, како и да не прават звуци, како што се шлапкање или подждригнување за време на јадењето.

Кога инструкторот на курсот Џанин, Катарина Поетс поставува прашања кој дошол доброволно, никој не крева рака.

Но, не долго потоа, децата почнуваат да се забавуваат учејќи кој кого треба прво да поздрави и како да се збогуваат со некого на пријателски начин. И, тогаш еден од нив одеднаш ја прашува инструкторката: „Те молам, можам ли нешто да се напијам?“

Поетс, која првенствено подучува возрасни, вели дека курсевите за деца се исто така многу барани затоа што „родителите сакаат нивните деца да усвојат правила за добро однесување“.

„Вештините на убавото однесување честопати се поврзани со припадниците на повисоката или богатата класа, но тие всушност се темелни вештини што треба да му бидат секому познати“, вели Поетс. Курсот се состои од неколку лекции, а секој покрива одредена тема.

Од социјална прилагодливост и самосвест до личниот изглед и онлајн правилата на однесување. Последново нè учи на тоа како да го одржуваме достоинството во, често со омраза полната комуникација на интернет. Учењетона одредени вештини на помлада возраст ја отвора вратата за успех во социјалниот, академскиот и професионалниот живот затоа што станува збор за безвременски вештини.

Ако се однесувате пристојно, вашата социјална позадина станува ирелевантна. Не е невообичаено луѓето што се образуваат во скапи приватни училишта да ги загубат работните места, едноставно затоа што тие се сметаат за привилегирани и се однесуваат арогантно и непристојно.

Кога станува збор за добри манири во семејството, родителите претставуваат своевидна врска и основа, напоменува Улрик Рицер-Сакс, онлајн советник на германската сојузна задруга за подучување на на децата на бонтон.

„Треба да им биде јасно на родителите што значат добри манири, како и фактот дека на нив им останува да им дадат пример на своите деца“, вели тој. Но, дури и родителите кои имаат најдобри намери не се придржуваат баш секогаш до сите правила. Што ако опцујат или им ‘излета’ некоја грда забелешка?

„Во таков случај, тие треба да признаат дека не се во право затоа што децата ќе го следат нивниот пример ако се најдат во слична ситуација“, вели Рицер-Сакс.

И додека родителите може да се обидат редовно да укажуваат на добри манири, понекогаш пораката нема да стигне до нивните потомци.

Децата ќе уживаат во дружењето со новостекнатите пријатели, кои можеби ќе организираат натпревар во гласно подждригнување на маса, особено во нивните тинејџерски години. Тогаш јасно ќе им стават на знаење на своите родители дека немаат потреба од нив, барем кога станува збор за воспитување.

„Но, колку и да се исцрпувачки овие фази, тие секогаш поминуваат“, вели Рицер-Сакс, додавајќи дека секогаш е подобро да се дојде до креативно решение отколку да се примени сила. „Би можеле да обесите листа од клетви што ги користат децата кога доаѓаат во посета бабите и дедовците. Ова може да поттикне бројни продуктивни дискусии“.

До своите адолесценти најлесно ќе допрете кога јасно ќе им ставите до знаење дека добрите манири не се цел сами по себе, туку се израз на почит, објаснува Марион Виман, координатор на курсот по бонтон во Малтесер Хилфсдиенст, католичка организација која одржува вакви курсеви во германските училишта од 2011 година.

На курсевите, адолесцентите се подготвуваат за ситуации што можат да им го одредат текот на животот, на пример, да научат како да се однесуваат за време на интервју за работа или на деловна вечера.

Преку зададените улоги, тие ги учат стандардните форми на поздравување, усвојуваат совети за говорот на телото, како да го користат гласот, колку е правилната оддалеченост од лицето со кое разговараат о колку цврсто треба да ја стиснат раката при запознавањето или поздравувањето.

Коментарите за посетувањето на оваа настава се поделени. Некои го поддржуваат учењето на децата на правилата за добро однесување, додека други ги осудуваат ваквите курсеви, сметајќи дека луѓето имаат чувство дека можат да купат сè со пари, вклучително и доброто однесување.

Но, без разлика дали вашите деца одат на часови по бонтон или го учат дома, неспорно е дека пристојното однесување и добрите манири никогаш не излегуваат од дома и можат да донесат повеќе корист отколку штета.

Фото: Pixabey

loading...