Како да се справите со болката при никнувањето на првите забчиња ?

Бебето на кое му никнат заби го става во уста секој предмет што ќе му дојде при рака. Со гризењето на тие предмети го намалува притисокот кој го има на непцата.

0
325

Меѓу четвртиот и осмиот месец обично започнува појавувањето на првите заби во детската уста. Никнењето на забите е проследено со одредени симптоми и интензитетот на тие тегоби варира од дете до дете.

Симптомите на никнење на детските заби се најралични. Јас ќе ги споменам најчестите.

Вообичаено, прво се јавува зголемено лачење на плунка, која предизвикува кашлање затоа што детето има проблем да ја проголта плунката.

Бебето на кое му никнат заби го става во уста секој предмет што ќе му дојде при рака. Со гризењето на тие предмети го намалува притисокот кој го има на непцата.

Непцата се црвени и најчесто отечени.

Се јавува раздразливост, нарушен сон, губење на апетитот, па може да се случи појава на ретка столица или дијареа. Често родителите сведочат дека детето добива зголемена температура и знаци на настинка при никнењето на забите.

Досега не е пронајдена поврзаност помеѓу овие симптоми и никнењето на забите, па затоа во ваков случај е најдобро да се посети лекар за да се исклучи појавата на настинка кај детето.

Постојат повеќе начини како да му се олесни на детето.

Најчесто се користат предмети кои се наменети за гризење и во денешно време се ставаат да се оладат, затоа што ладното најдобро ги смирува непцата.

Од особена важност е тие  редовно да се мијат.

Следува масажа на непцата со гелови, кои се специјално наменети за олеснување на овие тегоби, а во случаи кои детето има јаки болки тогаш е најдобро да се дадат сирупи за намалување на болката, како парацетамол или ибупрофен.

Понекогаш е оправдана и употребата на некои анестетици, ама во доза контролирана од стоматолог.

И секако, многу е важно детето често да се шета, да се заигрува со други деца, да се одвлече неговото внимание.

Процесот на никнење на забите најчесто трае околу две години. Од никнењето на забите започнува грижата за нив.

На почетокот се пребришуваат со памучна крпа, која е навлажнета, па постепено, како што расте детето се воведуваат четката и пастата за заби.

Избегнувајте заспивање на детето со шише во устата, долга употреба на цуцлата лажливка и  контролирајте го внесувањето на шеќерите.

Сето тоа придонесува  детето да има правилен развој и здрави заби.

д-р Јасмина Трајкова – Пети

 

loading...