Како да се спречи болката од училишните чанти во грбот

Постојано се зборува дека од година во година училишните ранци се сѐ потешки и потешки, а грбовите на нашите деца сѐ повеќе се искривуваат. Покрај тежината на книгите голема улога во искривувањето на рбетот има и квалитетот на чантата или ранецот

0
198

Истражувањата покажале дека дури 64 отсто од учениците повремено чувствуваат болка во грбот предизвикана од тешката училишна чанта. Покрај книгите тука е и опремата за физичко. Што можеме да направиме за да ги спречиме болките во грбот на нашите деца?

Децата не би требало да носат на грбот товар потежок од 20 отсто од нивната телесна тежина. Ова правило е многу тешко да се почитува затоа што чантите од одделение во одделение се сѐ потешки и потешки, дури и првачињата имаат чанти кои се сигурно потешки од овој просек.

Ако сте забележале дека е чантата на вашето дете премногу тешка, проверете дали му е потребно сѐ што има во чантата. Многу деца, особено во пониските одделенија знаат да ги носат секој ден сите книгим во случај да им затребаат. Проверувајте го нивниот распоред и исфрлете ги непотребните работи.

При купувањето на чантите обрнете внимание ремените да бидат широки и поставени и чантата да има појас кој се врзува околу половината. На овој начин тежината на чантата порамномерно се распоредува, такашто не се целиот товар на горниот дел од грбот.

Најдобар начин детето да ја носи чантата е на двете раменици. Во постарите одделенија децата мислат дека изгледаат подобро ако ја носат чантата на едното раме, но на тој начин телото се наоѓа во неправилна и непријатна положба, особено е чантата тешка.

Потешките книги нека стојат во чантата поблизу до грбот и учете го детето секогаш кога ја става чантата на грбот да ги свитка колената.

loading...