Како детето да се навикне полесно на градинката?

Однесувајте се како одењето во градинка да е најголем подарок, а најголема казна – да не се оди во градинка. На пример, може да се каже: „Ако се однесуваш лошо, утре нема да одиш во градинка“!

0
290

Оставањето на детето во градинка е многу едноставно. Еве го искуството на една мајка – психолог.

Послужете се со методот на Том Соер и од градинката направете врвна вредност. Во смисол, поаѓањето во градинка да е најголем подарок само по себе, а најголема казна – да не се оди во градинка.
На пример, може да се каже: „Ако се однесуваш лошо, утре нема да одиш во градинка“.
„Голема благодарност на дадилката која пола година пред да појде во градинка почна да ѝ раскажува на Дања дека градинката е едно посебно место само за деца кадешто возрасните не можат да одат и кадешто децата се собираат за да се дружат и да се забавуваат. Со нив има само неколку возрасни кои им помагаат. Затоа сега Наутро ја будимe Дања со зборовите: „Буди се. Време е за забава!“

Не треба градинката да се споредува со работа.
Вчера слушнав една мајка како ѝ вели на ќеркичката: „Што да правиме? Секој оди на својата работа. Твојаработа е градинката. Ни јас не сакам да одам на работа, но морам“.
Не треба да се чудиме ако ова девојче за дваесетина години додека бара работа се раководи од принципот „работа е она кадешто не сакаш да одиш“.

Немојте само да исчезнете. Во оној смисол како кога родителот само ќе исчезне низ вратата додека воспитачката му го одвлекува вниманието со некоја играчка. Тоа е краткорочен резултат со долготрајни последици. Тоа му ја урива на детето довербата кон светот и ја зголемува неговата загриженост. Можени наскоро нема а се одвојува од вас ниту ноќе, а нема да можете сами да отидете ни до тоалет. Затоа што минатиот пат кога детето се свртело, вие сте исчезнале. Подобро кажете му: „Јас одам. Те сакам. Ќе дојдам по тебе после спиење“.

Излезете брзо. Без исчезнување и криење, но и без колебање. За децата се важни ритуалите и тие ги прават речиси од сѐ.. Ако детето навикнало да плаче пред групата, тоа ќе плаче дури и ако нема повод. Затоа е подобро и вие да направите ритуал: На пример, стигнавте, ја закачувате облеката и одите да се поздравите со оној голем медо во ќошето.

И најважно: направете од градинката врвна вредност за самиот себе. Детето не го слуша родителот со ушите, туку го одразува како огледало и го впива секое треерење на нашите нерви. Ако детето види спокој и радост кај родителот кој го води во градинка, и самото ќе влезе во групата далеку порастоварено. Придонесува и ако наместо „Биди добар!“, велите „Ти посакувам радосен ден!“

Фото: Pixabey

loading...