Како децата да го засакаат зеленчукот?

Докажано е дека детето нема да го „навикнете“ на брокула ако му ветувате чоколадо ако „биде добро и се изеде“.

0
225

Ако и вие дома имате мал пребирливко кој се мурти кога пред него ќе ставите зеленчук, веројатно веќе сте паднале во искушение да се обидете својот подмладок да го „подмитите“ со нешто што сака, за да го натерате да изеде се што има во чинијата.

Можеби и сте му подлегнале на тоа искушение, но мора да ве разочараме. Научниците докажале дека методот кој подразбира некоја „чоколадна награда“ за изедениот зеленчук не дава резултати.

Брокули или спанаќ, што и да е она што вашето дете го мрази, решението е прилично едноставно. Најдобра стратегија е да продолжите да подготвувате се она што мисите дека детето треба да јаде во време кога мисите дека треба да јаде и да не се осврнувате на протестите.

Едно белгиско истражување покажало дека нудењето на било каква награда откако детето ќе го изеде оброкот не е од никаква полза.

Истражувањето во кое учествувале 154 претшколски деца покажало дека нешто повеќе од 95 отсто од децата после 4 недели во текот на кои им е периодично сервиран омразениот зеленчук, едноставно капитулирале и почнале да го јадат без протести.

Групата од мали испитаници на кои во текот на истражувањето во замена за „празна чинија“ им е нудена награда во вид на налепници или играчки не покажала некој значаен напредок.

„Резултатите од нашата студија покажале дека навиките во исхраната се поправаат со тоа што на децата ќе им го нудите доследно она што не сакаат да го јадат најмалку два пати неделно“, заклучиле научниците од Универзитетот во Гент во Белгија.

Генерално, наградувањето не влијае на прифаќањето на нови вкусови во онаа мерка во која родителите го очекуваат тоа, заклучиле научниците.

loading...