Како е да се живее со наставник во време на Корона

Да се биде сопружник или партнер на наставник во денешно време е извор на бескраен стрес. Дали вашиот сопруг/а или партнер се учители, наставници, професори,...како се справувате со нивната работа во текот на пандемијата?

0
463

Знаеме дека наставниците се под огромен товар и стрес во моментов. Тие се обидуваат да жонглираат помеѓу новите технологии и вообичаените наставни планови. Во многу случаи, сè уште се очекува да ги исполнат истите критериуми што ги исполнувале пред пандемијата. Тие мораат да ги следат децата, треба да одговараат на огромен број на мејлови. Во неизвесност се и никогаш не знаат со каква нова политика или протокол ќе бидат пресретнати. Потребен им е систем за поддршка. Тука настапуваат нивните животни сопатници.

Како партнер на наставник, се давам.

Мојот сопруг доаѓа од училиште – ако е избран да оди во училиштето, кадешто некои од неговите колеги носат маски кои не ги покриваат носевите и одбиваат да ја почитуваат мерката за физичка дистанца. И тогаш хаосот започнува. Секогаш е лут. Нешто тргнало наопаку – морал да ги смени политиките. Не може да ги најде родителите. Не може да ги најде децата. Неговата технологија ја ‘проби’ средната класа.

Порано бев како моите деца, броејќи ги часовите додека тато не се врати дома. Сега, кога ќе слушнам како треснува вратата, дел од мене се наежува. Го сакам мојот сопруг. Но, дел од мене, оној дел што е партнер на наставник, ги затвора очите и се скаменува. Тој доаѓа.

Ја треска вратата. Протоколите и политиките немаат смисла, вели. Ако ги натераат сите деца да си ги покажат лицата на „Зум“, тогаш секој ученик ја гледа внатрешноста од домот на секој друг ученик, па е очигледно кој има пари, а кој не. Ако не го сторат тоа, којзнае дали се навистина таму. Лут е поради светот во кој неговите ученици треба да ги чуваат своите браќа и сестри бидејќи родителите мора да работат, а тоа влијае врз нивното образование. Не ги обвинува децата. Но, ми пренесува сè што се случува – во детали.

Да се биде партнер на наставник предизвикува анксиозност

Мојот сопруг носи Apple часовник. Тој му јавува кога има е-пошта, а јас се грчам на секој динг. Дали е тоа неговата мајка? Или, пак, неговиот администратор пренесува некоја нова политика што ќе го натера да се разгневи? И како партнер на наставникот, ќе морам да слушам. Не можам да го смирам. Не можам да му помогнам. Јас можам да бидам само магацин за овој бес, безбеден простор кадешто може да се искаже и да се ослободи од товарот.

Јас и децата имаме добри денови со учењето дома. Сè ќе биде направено како што треба. Пееме, среќни сме, а потоа сопругот ќе ја тресне вратата. Стомакот ми се згрчува. Дали ќе биде добро расположен или не? Дали ќе биде лут на неправедниот свет, на мене – партнерот на наставникот – единствениот кој го слуша? Дали ќе им вика на децата бидејќи му е краток фитилот, нема трпение, бидејќи дава сè од себе, а ништо не му останува. Никогаш не знам.

Неговата професија ги обзема нашите животи

Нашето семејство се потпира на таткото. Тој е под голем притисок, а ние треба да му дадеме простор. Дали му треба време насамо за да лови риби? Како партнер на наставник, без разлика колку сум изморена, треба да речам: „Оди. Ќе бидеме добро“. Дали му е потребен некој да го сослуша? Како партнер на наставник, морам да го оставам тоа што го правам и да речам: „Зборувај. Те слушам“. Кога предава од дома (најбезбедната опција), јас морам да му ги тргнам децата од патот, дури и кога има пауза. Како партнер на наставник, кога ќе пристигнат мејловите, морам да му дадам простор. Кога пораката ќе го вознемири, морам да слушам.

Неодамна имав еден од тие пандемиски денови: денови кога sидовите се претесни и не се чувствувате добро за апсолутно ништо, кога животот изгледа како бесконечен слоган во ништо и никаде. Легнав на креветот и плачев. Среде тоа плачење, сфатив нешто.

Мојот сопруг ја проверуваше својата е-пошта.

Му посочив на тоа.

„Може да биде од работа!“ викна тој. „Знаеш дека мора да го проверам секој пат! И жал ми е, но така е!“

Ова значи да се биде партнер на наставник.

Да се биде партнер на наставник некогаш значи да се исцица животот од бракот

Нема дружење откако децата ќе отидат во кревет. Тој прави само неколку работи: Спие. Гледа филм. Работи. Обично ги комбинира овие работи. Вообичаено не сум изморена, па останувам подоцна. Осамено е чувството да се биде партнер на наставник. Некогаш одам да спијам и кога не сум изморена бидејќи немам што друго да правам. Порано поминувавме време заедно наутро пред да се разбудат децата. Повеќе го нема тоа. Тој спие до последната минута. Не го обвинувам. Но, го мразам тоа.

Неговото училиште му ја зема целата енергија. Ако не е училиштето, тогаш е неговото семејство. Нема доволно емоционална енергија за мене. Јас престанав и да ја барам. Да се биде партнер на наставник во оваа фаза од пандемијата значи да се дава и дава сè додека немате повеќе што да дадете. Значи да ги поддржувате луѓето на кои најмногу им е потребна поддршка. Ние сме луѓето зад првите борбени линии, оние што не ги гледате: здравствените работници ги превиваат раните и ги подготвуваат војниците за борбата што ги чека утре.

На наставниците им е потешко.

Но, да се биде партнер на наставник, исто така не е лесна работа.

Текстот е од ТУКА.

Фото: Pixabey

loading...