Како изгледа да се биде најстаро, како најмладо, а како средно дете?

Доаѓањето на новото дете е страшно симнување од облаци за најстарото дете, вели психотерапевтот Робин Скинер во книгата „Како да се преживее сопственото семејство“.

0
232

Какво е влијанието на редоследот на раѓање врз личноста на детето објаснува психотерапевтот Робин Скинер во книгата „Како да се преживее сопственото семејство“.

Постои голем распон на можности, дури и за најстарото и најмладото дете, во зависност од полот на другото дете или деца, а дури и од позицијата на родителите во нивниот семеен поредок.

Меѓутоа, постојат некои општи разлики кои се прилично очигледни. На пример, најстарото дете неизбежно добива многу родителско внимание. Од една страна, тоа е убаво затоа што тоа дете од почеток ќе прима повеќе поддршка и помош. Лошата страна е во тоа што постојат повеќе очекувања, повеќе притисоци, и иако е тоа добро за достигнувања и успех, тоа исто така го оптоварува најстарото дете со родителските амбиции, па тоа може да се обиде да ги оствари за нив наместо да живее сопствен живот. И секако, доаѓањето на новото дете е страшно симнување од облаци за најстарото дете.

Помладите деца го имаат тој баксуз што засекогаш остануваат бебиња, затоа што врската на родителите со овие мамини мази нема на кој следен да премине.

Но како и најстарите и единците, и најмладите добиваат многу посебно внимание и поддршка од родителите, но за разлика од најстарите и единсците, тие добиваат поддршка и од постарите браќа и сестри. Средните деца можат да бидат запоставени, целото детство да ги носат чорапите од постарите деца, но обично подобро се вклопуваат со другите деца од најстарите или најмладите.

loading...