Како изгледа да се биде родител на хиперактивно дете?

Неодамна, терапевтот ми рече дека одгледувањето на едно хиперактивно дете е еквивалентно на одгледувањето на три регуларни. Јас му верувам. А вие?

0
251

Во парк, моето дете е тоа што вреска најгласно – оној што може да го слушнете од другата страна на паркингот. На роденденските забави, тој е секогаш напред и во центарот на секоја фотографија, секогаш точно во средина на акцијата, затоа што тој е акцијата. Тој ги остава сите околу себе без здив, вклучувајќи ме и мене.

Ефективното родителствување на дете со голема енергија е огромен подвиг што бара неограничена емоционална и физичка енергија, како и воздржаност. Голем број пати колку што сакав да викнам „Само смири се и седи“, кај мојот син –  ова не само што ќе го засили повеќе, туку и ќе го научи дека е тотално прифатливо да врескаш среде продавница затоа што некој трча напред и назад во цик-цак пред количката за намирници.

Понекогаш ги ставам рацете на неговите рамена кога ги мие забите за да го спречaм да скока нагоре надолу. „Ќе ти влезе четката за заби во грлото ако не внимаваш“, го предупредувам. Тој ми одговара со песната Man In The Mirror, на Мајкл Џексон. Во моментот кога ќе ги тргнам рацете, скокањето продолжува.

Родителствувањето на хиперактивно дете изгледа како осум часа спиење никогаш да не се доволни, а утрото доаѓа премногу рано, секој ден. Изгледа како да е моето бебе родено и некој притисна копче за да го забрза, такашто сè што некогаш би направил би било колку што е можно погласно и најбрзо. Се чувствува како никогаш во животот да не преспал поголем период наеднаш затоа што неговите дремки секогаш беа многу кратки и хаосот што следеше веднаш по неговото будење беше толку силен што го поништуваше секој мир во кој уживав додека спиеше.
Изгледа како многу бучава. Претежно тропање и трескање.
Експертите велат да треба да се испланира однапред како да го задржиме зафатен и да му дадеме предизвик, но не можам – иако јас сум планирач по природа, се чини дека ми недостасува време, ментален простор и енергија затоа што моето дете го апсорбира сето тоа. Постојано заостанувам. Родителството на хиперактивно дете е толку предизвикувачко што ме остава исцрпена ако не сум внимателна. Се затворам и земам длабок здив. Од стрес јадам бонбони. Веројатно пијам премногу вино и дефинитивно пијам премногу кафе. Си земам многу паузи затоа што морам.
Изгледа како секогаш да брзам, бидејќи без оглед на тоа што правам, никогаш нема да го стасам.

Родителството на хиперактивно дете, исто така, ме прави да се чувствувам како да сум целосно лоша и погрешна. Се изненадувам од тоа што копам доволно длабоко секој ден за да го дадам сето тоа, одново и одново, дури и кога се чувствувам како да го немам во мене. Тоа е она што ги прави мајките неверојатни.

И покрај тоа што е апсолутно лудило во нашата куќа, јас се издигнав доволно за да ја сакам и прифаќам. Децата на другите луѓе се чини дека се премногу послушни после речиси осум години поттиснување. Моето дете има животна жар, искра и живост што нè бутка сите напред. Тој може да не исцеди, да, но и да биде инспиративен. Тој скокнува од кревет секое утро, како тоа да е највозбудливиот ден од неговиот живот, секој ден, и секој пат кога ќе ме види, се однесува како да не ме гушнал со векови. Тој сака, се смее, игра и учи со сè што има … а тоа е многу.

Фото: Pexels

Текстот е од ТУКА.

loading...