Како изгледа совршената прегратка?

Научниците ги тестирале на бебиња и дошле до заклучок, во период на социјално дистанцирање, oва ни недостасува на сите.

0
76

Во период на мерки на физичко дистанцирање и депресивни вести, на сите добро би ни дошла топла прегратка. Јапонските научници штотуку откриле каква треба да е совршената прегратка.

Експертите од токискиот универзитет Тохо го мереа смирувачкиот ефект на прегратката со различен интензитет кај новороденчињата и разликата помеѓу прегратката од родител или странец.

Со мерење на отчукувањата на срцата на новороденчињата и со помош на сензори за притисокот на рацете на возрасните, научниците ги проценувале реакциите на бебињата додека само ги држеле во рацете, кога ги прегрнуваат со средно јак притисок и кога цврсто ги прегрнуваат.

Судејќи според резултатите, децата биле најмирни во текот на средната варијанта.

Прегратката траела 20 секунди, бидејќи „речиси е невозможно да се избегне промена на расположението на новороденчето во едноминутна или подолга прегратка“, признавале научниците.

Не е изненадувачки тоа шро смирувачкиот ефект бил поголем кога дете постаро од 125 дена било прегрнувано од родителите во споредба со прегратка на непозната женска личност.

Затоа, научниците заклучиле дека за совршената прегратка се смета онаа родителската, со среден притисок.

Но, не ја користеле само новороденчињата утешната прегратка, покажало истражувањето. Додека го прегрнувале детето, и родителите биле посмирени.

Познато е дека за време на близок физички контакт, се ослободува хормонот окситоцин, познат и како „хормон на љубов“, но научниците велат дека во нивниот експеримент, прегратката била прекратка за да има поголемо значење за истражување.

Јапонските експерти веруваат дека нивното истражување е прво што го мери психолошкиот ефект од гушкање на новороденчињата и сметаат дека би требало да се подобри знаењето за поврзувањето на родителите и децата, како и да се донесат нови сознанија важни за детската психологија.

Методот би можел да се примени во раното откривање на аутизмот, смета еден од авторите на студијата, Хиромаса Фунато.

Истражувањето се заснова на различни сензорни реакции што се случуваат за време на прегратките, а децата со нарушувања од спектарот на аутизмот (АСД) имаат проблем токму со сензорната интеграција и социјалното препознавање, посочил тој.

„Затоа, овој едноставен експеримент со прегрнување би можел да се искористи во раното скенирање на автономните функции на сензорна интеграција и социјално препознавање кај децата кои имаат генетска предиспозиција за развој на АСД“, заклучил Фунато.

Фото: Pixabey

loading...