Како изгледа списокот за шопинг за семејство со единаесет деца

„Тоа е нашиот живот и уживаме во секој момент. Нашите деца се сè за нас “, рекле родителите на овие весели дечиња.

0
165

Пред неколку години, светот го обиколи веста дека Зои (38) и Бен Саливан (42) од Шкотска станале родители на уште една двојка близнаци. Куриозитетот бил во тоа што новопристигнатите близнаци стасале истиот ден како и нивните постари близнаци, во тој момент стари девет години. Шансите за тоа да се случи се 30 милиони на еден – такашто е поверојатно да се случи да освојат премија на лотарија отколку нивните деца да се родат токму на тој ден.

Во меѓувреме, нивното бројно семејство продолжило да се зголемува и сега имаат единаесет деца – сите под 15-годишна возраст. Сепак, не планираат да престанат во скоро време.

Вкупно, нивното семејство брои 13 члена, а тие живеат во куќа со четири спални соби на северот на Шкотска, што значи дека се како сардини.

Родителите имаат своја спална соба, а другите три соби им припаѓаат на Елизабет (14), Оливија (13), близначките Шарлот и Изабел (11), Ева (8), Ноа (10), Тоби (6), близнаците Лиа и Ерин (3 ), Агнес (2) и бебето Јосиф.

„Четирите најстари девојчиња делат една соба, три момчиња друга и четири девојчиња третата соба“, вели Бен, откривајќи дека тој и неговата сопруга веќе работат на следното бебе.

Трошоците за толку големо семејство се огромни – тие трошат само 280 фунти неделно на намирници. Бен и Зои се будат секој ден во 4 ипол наутро, а нивниот ден трае 17 часа. Зои, вели, станува на првото ѕвонење на алармот и денот секогаш ѝ почнува со перење на три тури на алишта. Додека тие се перат, почнува да им пакува на своите деца ручек за на училиште. Сепак, не смета дека нешто од тоа е заморно и со нетрпение зборува за следното бебе што го планира.

„Тоа е наш живот и уживаме во секој момент од него. Нашите деца се сè за нас“, вели Зои.

Тие го споделиле неделниот список на намирници што ги купуваат за потребите на своето семејство:

7 големи балони млеко

млеко од соја

9 ролни тоалетна хартија

7 кутии снегулки за појадок

21 векна леб

2 кесички тестенини

2 големи коцки сирење

3 најголеми пакувања пилешко

Неколку пакувања варена шунка и спремено пилешко

4 замрзнати пици

2 големи кутии вафли од компири

2 кутии крокети од компири

7 литри јогурт

3 кутии замрзнато похувано пилешко

Најголемо пакување шампон и регенератор

Пакување од 21 таблета прашок за перење алишта

Пакување таблети за машина за садови.

Сето ова е вкупно околу 300 фунти неделно, што е околу 350 евра. Зои вели дека е многу тешко финансиски, но дека се снаоѓаат – сите деца наследуваат облека едни од други, нема премногу грицки и слатки, сите се обидуваат да помогнат во домот соодветно на својата возраст. Играчките исто така се наследуваат. И покрај ова, и Зои и Бен велат дека никогаш не им е доста од деца и дека сакаат најмалку барем уште едно.

Фото: Фејсбук

loading...