Како изгледа училишната настава низ светот во време на корона

Дали кај нас децата ќе се вратат во училиште на есен, зависи од епидемиолошката состојба во септември. Но во некои други земји, учениците веќе се вратија во училиштата во мај и еве како изгледаа нивните часови.

0
302

Овие вирaлни фотографии покажуваат како изгледа сега наставата во училиштата

Имено, додека кај нас сѐ уште не се знае како ќе се посетува наставата од септември, некои други земји ги подготвија децата за живот во свет во кој допирот е опасен, а пријателите не смеат да се прегрнат. Еве како изгледаат часовите во овие земји.

Франција

Фотографиите на деца на возраст од 3 и 4 години во училиште во Торукоинг на северот на Франција ги шокираа луѓето низ целата земја во мај, кога француските власти ги опуштија мерките по двомесечниот карантин.

Момчињата и девојчињата мораа да научат да одржуваат дистанца останувајќи во квадратите обележани со креда.

„Тие сега играат, танцуваат, скокаат и се смеат заедно, но сите се во своите квадрати. Тие не го гледаат ова како казна“, вели новинарот Лајонел Топ, кој е автор на виралните фотографии што многумина ги опишаа како срцепарателни.

Ванкувер

Училиштата во Канада се отворени и работат од 7 часот наутро до 19 часот за да се овозможи социјално растојание. Децата често ги мијат рацете и си играат од безбедно растојание и ги почитуваат правилата на учителите.

„Прегратки и човечкиот допир сега се генерално нереални. Сите го сакаме тоа, но мора да се предупредуваме меѓу себе дека не смееме да го правиме тоа“, вели управителката на училиштето Вест Ванкувер.

Квебек

Училиштата во Квебек беа празни два месеци и повторно беа отворени. Од учениците се очекува да ги следат ознаките на тлото за да обезбедат дистанца.

Ребека Хамел, ученичка од 5 одделение, изјавила за CBC дека многу нејзини врсници не се вратиле во клупите и дека во класот има само осум ученици.

Финска

Децата во Финска седнаа во клупите на 1 мај по осумнеделен карантин.

„Убаво е да се вратиме на училиште и да се видиме со пријателите“, рекла ученичката Лили Линдгрен за „Yle“. Нејзината мајка Раиза е исто така среќна што учењето на далечина отиде во историјата.

„На почетокот беше тешко, но децата и наставниците брзо научија да користат комуникациски алатки. Сепак, децата им е подобро во училиште со врсниците“, вели Линдгрен.

Кина

Најмладите ученици во кинеските училишта носат капи на главата кои им помагаат да држат дистанца.

Данска

Данска беше првата европска земја што ги отвори основните училишта. Тие вложуваат многу време во миење на рацете, а училишниот персонал внимава на децата.

loading...