Како милениумците ја преживуваат самоизолацијата?

Според Benenson Strategy Group, стратешка агенција за маркетинг, 55% од анкетираните 30-годишни лица признаваат дека актуелната глобална состојба има негативно влијание врз нивното ментално здравје.

0
36

Пандемијата, строгото ограничување на слободата на движење и стравот од непознатата инфекција создадоа бројни нови фобии и ги влошија старите. Пред неколку години, психолозите открија загрижувачки тренд – милениумците, луѓе родени меѓу 1981 и 2000 година, го доживуваат стресот многу полошо, размислуваат за самоубиство почесто од другите возрасни групи и лесно паѓаат во пролонгирана депресија.

Триесетгодишниците прибегнуваат кон алкохол

Зголемена анксиозност, страв поради зголемениот број на пациенти, неможноста да работат во вообичаениот ритам и да комуницираат со најблиските, чувството на осаменост – ова се главните стресови заради моменталната состојба во светот.

Според истражувачите, самоизолацијата само ги влошила настанатите психолошки проблеми кај повеќето милениумци. Според Benenson Strategy Group, стратешка агенција за маркетинг, 55% од анкетираните 30-годишни лица признаваат дека актуелната глобална состојба има негативно влијание врз нивното ментално здравје. Кога секој од нас е изолиран во нашиот стан и може да комуницира со родителите или со пријателите само преку видео врска, милениумците почесто од другите почнуваат да размислуваат за самоубиство. Жените често страдаат од болна анксиозност. 33% од испитаниците признале дека почнале да јадат повеќе за време на периодот на самоизолација, а 25% сериозно ја зголемиле потрошувачката на алкохол. Според психолозите, ова може да остави белег на психата на цела генерација. Всушност, милениумците понекогаш забораваат на зборот „стоп“ и можат да станат зависни од алкохол или од дрога.

Кризата може да предизвика бран на самоубиства

Помеѓу 2013 и 2020 година, депресијата кај 30-годишниците се дијагностицирала 47% почесто отколку во претходните периоди на студијата. Оваа состојба се карактеризира со постојано депресивно расположение, длабока тага или чувство на очај. Досега нема истражување што би докажало зголемување на самоубиствата поради пандемијата, но Џонатан Сингер, вонреден професор по социјална работа на Универзитетот во Чикаго, верува дека самоизолацијата ќе придонесе за зголемување на самоубиствата. Во моментов, американски истражувачи веќе забележале зголемување на самоубиствата кај медицинските работници кои се вклучени во борбата против коронавирусот. Познат е случајот кога 23-годишен службеник во брза помош во Њујорк извршил самоубиство по само три месеци работа.

Помош од работодавците да се изборите со проблемите

Седејќи во изолација, многу од нас или ја намалиле заработката, па дури и ги загубиле своите работни места, а со тоа и стабилните приходи. Во САД се појавија 22 милиони нови невработени, кои сè уште не се целосно запознаени со последиците и продолжуваат да се забавуваат со карантински шопинг. Меѓутоа, ова повлекува нови заеми, а со нив и постепена невозможност за извршување на нивните должнички обврски. Интересно е што оние што ги зачувале своите работни места ги прашуваат своите работодавци да им помогнат да ги решат психолошките проблеми поврзани со самоизолацијата. „Проблемите со менталното здравје се појавуваат почесто кај милениумците отколку кај нивните претходници, па очекуваат работодавците да им помогнат во решавањето на кризата“. Тие сакаат да им се посвети внимание, а ова е позитивен тренд“, вели Меган Бел, од апликацијата за медитација на Headspace. Она што е уште поинтересно: 53% од анкетираните работодавци рекле дека размислуваат за специјални програми за подобрување на емоционалното и менталното здравје на вработените. Друг позитивен ефект од самоизолацијата е банална можност за опуштање. Веќе неколку години, милениумците водат на ранг-листата во однос на стресот и прегорната работа во канцелариите. Можеби пандемијата ќе им овозможи да здивнат, на кратко да излезат од лудиот распоред и да стекнат сила пред новите достигнувања во кариерата.

Фото: Pexels

loading...